Земјата во која се произведуваат најмногу фудбалски топки на светот

Има толку многу неправедни предрасуди за нефудбалски теми во однос на Пакистан, а од оваа земја многу зависи денешниот современ фудбал. Пакистан веќе долги години го држи лидерството како светски топ производител на фудбалски топки. Околу 70% од светското производство на фудбалски топки се прави во градот Пенџаба на северо-истокот од земјата.

Топките за Светски првенства, од далечнаа 1982-ра па наваму се произведуваат во Пакистан, од вредните раце на мажите и жените во градот Панџаб.

Пакистански топки се користеа и за Мундијалите 2014, 2018, 2022 а се очекува и да се користат за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Со овие топки од Пакистан се игра и во шпанска Ла Лига, италијанска Серија А, германска Бундеслига, англиска Премиер лига, Лига на шампиони, Лига Европа, Лига Конференции.

Регионот Панџаб може да се пофали со богата историја на производство на спортски инвентар. На почетокот на ХХ век таму се произведувале тениски рекети и стапови за крикет, а подоцна и топки за многу други спортови. Од средината на минатиот век сите крупни производители на спортска опрема имаат свои локални фабрики во Пакистан или пак имаат договори со тамошни фабрики како што е оваа на видеото: фабриката Bola Gema.

15 октомври 2024 - 09:40