Најбогатиот Британец, Џим Ретклиф неодамна купи акции во Манчестер Јунајтед и стана ко-сопственик на клубот. Тој веднаш започнал политика на сериозно стегање на каишот, па на „Олд Трафорд“ се штеди на се, од крај на сендвичи за редарите до се друго.
Сер Алекс Фергусон кој има 82 години, со Манчестер Јунајтед освои дури 38 трофеи! Прослави 13 шампионски титули во Премиер лига и 2 пехари во Лига на шампиони. На клупата на Манчестер Јунајтед седеше цели 27 години.
Само пет месеци по неговото заминување од клубот во сега веќе далечната 2013-та, Фергусон потпишал договор да стане глобален амбасадор на клубот. За плата од 2,16 милиони фунти годишно.
Сега клубот решил да стави крај на овој договор со оглед на тоа што и Фергусон не е веќе во идеално здравје да може многу да патува насекаде. Оваа одлука ја донеле взаемно Фергусон и Сер Џим Ратклиф кои често заедно ги гледаат натпреварите на Манчестер Јунајтед. Наводно Ретклиф самиот му кажал на Фергусон дека мерките што ги донела управата го опфаќаат и неговиот ангажман.
Ферги во меѓувреме и натаму е почесна личност во клубот и ќе продолжи да ги следи натпреварите. Во декември треба да наполни 83 години.
Сево ова е како резултат на одлуката на Ратклиф да ги намали до максимум трошоците во клубот па минатиот месец клубот отпуштил околу 250 вработени. Исто така се откажани и сите службени возила за вработени во управата кои морале да ги вратат во клубот а намалени се и привилегиите за ручеци и коктели за време на натпреварите.
🚨 INEOS have decided to cut Sir Alex Ferguson’s multi-million-pound ambassadorial contract with Manchester United, reports @AdamCrafton_ on @TheAthleticFC.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 15, 2024
Ferguson will remain a non-executive director at the club, still obviously welcome to attend Man United games. pic.twitter.com/4uOjJQZqwE