Македонија се израдува на водство против Ерменија на гости во 72 минута, кое потоа го дуплираше, но првиот гол го постигна уште во 5 минута. Главниот судија чекаше 3-4 минути за да утврдат во ВАР собата дали голот е регуларен, за на крајот да одлучат дека сепак имало офсајд. Аголот од кој ја видовме забавената снимка, не потврдува баш дека Серафимов се наоѓа во недозволена позиција, а во пренос ниту еднаш не ја покажаа ситуацијата со ВАР линијата, како што обично е пракса.