Македонија слави многу важна победа над Ерменија на гости, која ја запечатија Бојан Миовски во 72` и Исник Алими во 85`, со два прекрасни и неодбранливи удари.
За прв пат во историјата добиваме три натпревари во низа без примен гол.
Селекторот Боби Милевски направи три измени во стартниот состав во споредба со оној пред четири дена во Рига. На местото на Муслиу, Бабунски и Ашковски, од првата минута настапија Серафимов, Зајков и Димовски.
Трите бода во Ереван се капитални, бидејќи нашиот национален тим е сè понедостижен на првата позиција која води во плејофот.
Со три победи и едно реми, Македонија има 10 бода пред Ерменија која има 4, Летонија 3, а Фарски Острови 2, со тоа што последните две селекции играат во терминот од 20:45.
Двете гостински победи носат ослободување од притисокот и олеснување на задачата во групата, бидејќи последните два меча ги играме на домашен терен, најпрвин против Летонија (14.11), а потоа против Фарски Острови (17.11).
Освојување на првото место во група ќе значи и искачување во Б дивизијата на Лигата на нации, каде би добиле потешки противници.