Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

На Ерменија сме и дале 23 гола, еден од нив е бомба на Пандев

6 победи, 3 нерешени и 4 порази е билансот на Македонија против Ерменија со скор од 23 дадени и 18 примени голови. На вечерашната 14-та пресметка мора да се оди на победа после оние 1:1 против островот со 50.000 жители. Најубавиот гол против Ерменците е дело на Горан Пандев кој на тогашни 21 година, со бомба ги торпедираше гостите.

Админот на Сабаленка заслужува покачување

По двата триумфа во Мелбурн (2023, 2024), Арина Сабаленка го освои УС опен и стигна до третиот Гренд слем во кариерата. Социјалните мрежи и ги води некое креативно дете.

Махеришта на колото за вкупно 2 милиони денари

Во Гостивар паднале понеделнички 850.000 денари. Во Дојран уште толку. Третиот он лајн фатил 400.000. Со здравје да си ги трошите.

Генијалниот гол на Модриќ на јубилејниот 180. натпревар за Хрватска

Лука Модриќ на свои 39 години игра како во раната младост. Во хрватската репрезентација и натаму е капитен, лидер и стандарден првотимец. За време на тешкиот дуел против Полска во Лига Нации, вечер пред неговиот 39-ти роденден, на Хрватите им донесе огромни 3 бода со прекрасен гол од слободен удар. Овој натпревар му беше јубилеен 181. во коцкестиот дрес.

Халанд ако не ја реши кој ќе ја реши

Во 2. коло од групата Г во Лига Нации, Норвешка ја совлада Австрија 2-1 со гол на Ерлинг Халанд во 80' минута од мечот. Претходно Норвежаните отворија преку Мире во 9-та минута а Австријците израмнија преку Забицер во 37-ма минута.

Ништо бразилско нема во оваа бразилска завршница

19 годишниот Витор Роке, кој Барселона пред две недели го прати на позајмица во Бетис, го направи најлошото можно сценарио откако го помина голманот еден на еден. Среќа пријателска е меѓу Бразил и Мексико У-20. И коментаторот го загуби балансот на крај.

Соло мајсторија на Шешко ала Меси, словенечкиот коментатор во стилот на jужноамериканските

Словенија го доби Казахстан со 3:0, а Бенџамин Шешко го постигна првиот хет-трик за репрезентација. 21 годишниот словенечки бисер кој му е клупски колега на Елмас, воодушеви со слалом, па уште и го зачини со маестрална завршница.

Мајсториите на Керем го распалија цел стадион во Турција

Турција под водство на Винченцо Монтела продолжува со добрите игри и по Европското првенство. Турците синоќа со 3-1 го совладаа Исланд во натпревар од 2. коло во групата Х од Лига Нации. Големата ѕвезда на турскиот фудбал, младиот Керем Актуртоглу кој пред неколку дена потпиша богат договор со Бенфика и замина од Галатасарај, постигна хет-трик и го распали стадионот „Ѓурсел Аксел“ во Ѓезтепе.

Тешка и неочекувана мајсторија на Фратези со гради

Италија има сигурен старт во Лига на нации и тоа со две гостински победи. Прво ја изненади Франција 1:3, па го совлада Израел со 1:2. Давиде Фратези и на двете средби постигна гол. Синоќа реагираше многу мангупски на центар шутот на Димарко.

Нено Димитријевиќ: „Настапот во Евролига ќе ми биде остварен детски сон“

Најдобриот македонски кошаркар и лидер на македонската репрезентација, Ненад Димитријевиќ летово го засили богатиот клуб Олимпија Армани Милано откако две сезони беше убедливо најдобар играч во Русија.

Ја оплескав, тоа е

Паралелно со репрезентативниот фудбал, има и по малку клупски. Во шпанската втора лига мечот меѓу Албасете и Еибар заврши 0:1. Го реши голманот на домаќините кој беше свесен дека изреагира како најдебелиот у секое маало кој обично брани.

Тадиќ го внесе Костиќ во универзумот на Мурињо

Фенербахче доби големо засилување од Јувентус, а тоа е Филип Костиќ за кој подготвија уникатно преставување. Во главна улога во видеото е неговиот сонародник Душан Тадиќ.

Вејн Руни и дебел уште е мајстор

Легенди на Манчестер Јунајтед и Селтик одиграа пријателски хуманитарен натпревар на Олд Трафорд на кој собраа 1,2 милиони евра. Победи Селтик на пенали со 5:4, а потегот на мечот го има 38 годишниот Вејн Руни кој сè уште е рекордер на Манчестер Јунајтед со 253 гола.

Мирко Ивановски: Селекторе доста е, дај си оставка

„Дали виде со твои очи дека тие што не играат и немаат клуб и континуитет, едноставно не можат!Колку и да сакаат“.

Срамен резултат за македонските фудбалери, само реми со Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација одигра само 1-1 во Торшавн на стартот од новото издание на Лига Нации. Домашните поведоа од пенал, Македонија израмни од пенал. Еден од најсрамните резултати во нашата фудбалска историја.

Монструозно ретро со Бобан Марјановиќ во дресот на Црвена Ѕвезда

36 годишниот Марјановиќ играше за Ѕвезда во периодот 2013–2015 и од таму направи трансфер во НБА каде заигра во шест клубови од кои првиот Сан Антонио Спарс. Дека е висок е висок и тоа сите го знаеме, 224 см или 8 см повисок од Шек. Ама оваа страшна доминација малку сме ја подзаборавиле. 

Алекс ве поздрави

Да, така играше, шутираше и се радуваше „Ил капитано“. Ретро мајсторија, на која утринава налетавме и моравме да ја споделиме.

Битанга останува битанга

Аргентина со 3-0 го декласираше големиот ривал Чиле и остана апсолутен лидер во јужноамериканските квалификации за Мундијал 2026. Алексис МекАлистер, Хулиан Алварез и Пауло Дибала беа стрелци за гаучосите, а нова глупост направи голманот на Аргентинците Емилиано Дибу Мартинез. По којзнае кој пат се изглупира со противничките играчи и навивачи. Ист простачки гест каков што направи и на Светското во Катар а и подоцна. Дефинитивно ФИФА треба да го репне со драстична казна па нека се чеша.

Фудбалска вест за која не сме воопшто среќни

Посед на топка 21%, удари во рамки на гол 0, вкупно удари 0...Сето ова во 90 минути игра за петти пораз на 7 меча во квалификациите за ЕП У-21 :(.

Како се игра фудбал со слепи на Параолимпијадата во Париз?

Фудбалот Б1 „5-a-side soccer“ или на нашки „мал фудбал“, за разлика од фудбалот на Олимписките игри, на Параолимписките е еден од главните спортови. Главното правило е: Бидете тивки.

Како се изведува пенал во фудбал на Параолимписки Игри?

Бразилците се неприкосновени во фудбал на Параолимиски Игри откако во 2004-та година овој спорт беше воведен на Паралимијада и официјално. Кариоките имаат дури шест златни медали од тогаш но овојпат беа сопрени на Игрите во Париз од Аргентина во полуфинале на пенали. 

Ало НБА, тренер да не треба?

Српскиот претседател Александар Вучиќ веќе неколку месеци посетувал кошаркарски курс и често зборува за желбата еден ден да стане кошаркарски тренер. Желбата делумно му се оствари откако синоќа повел јуниори на КК Лозница на еден натпревар.

Јужна Кореја ја поддржа Палестина преку фудбал

Јужна Кореја одигра само 0-0 против Палестина во првото коло од квалификациите за Светско првенство 2026. Јужнокорејските навивачи од трибините со бројни знамиња и пароли ја поддржаа Палестина која неколку месеци е во воен конлфикт со Израел.

Снајперистот на неделата доаѓа од Боливија

Боливија за еден гол синоќа беше поефикасна од Аргентина. Го наполни голот на Венецуела со 4 парчиња. Првиот во 13-та минута е за издвојување и е дефинитивно една од најјаките бомби кои ќе ги видите месецов. Мајсторот се вика Рамиро Вака.