Македонската репрезентација не успеа да го сочува до крај водството од првиот дел против Словенија и на крајот изгуби убедливо 26-32 во натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Момците на селекторот Кире Лазаров во одредени моменти покажаа дека одличните партии од Светското првенство не биле случајност.