ПСЖ го освои Енфилд, Донарума е кралот на пеналите!

По болниот пораз во Париз на првиот меч 0-1 кога ПСЖ имаше еден куп шанси но изгуби во самиот финиш, вечерва тимот на Луис Енрике славеше со ист резултат па мечот отиде во продолженија. На „Енфилд Роуд“ Парижаните подобро изведуваа пенали, а Донарума одбрани два и францускиот шампион заслужено оди во четвртфинале.

Epa images
Epa images
Epa images

Фудбалската правда е задоволена. ПСЖ оди во четвртфинале затоа што беше подобар тим во двомечот против Ливерпул и заслужено славеше на пенали.

Црвените имаа бројни шанси пред своите навивачи на „Енфилд Роуд“ но не ги искористија. ПСЖ искористи една од своите прилики и го однесе мечот во продолженија па на пенали.

А таму, Дарвин Нуњез шутираше исто како што шутира од како е дојден во Ливерпул, млако и безидејно. Џанлуиџи Донарума му одбрани нему и на Куртис Џонс, а кај ПСЖ сите изведувачи беа прецизни па парискиот гигант оди во ЛШ каде ќе го чека подобриот од двомечот Астон Вила/Клуб Бриж (првиот меч го доби Вила 1-3).

Лига на шампиони, осминафинале, резултат:

ЛИВЕРПУЛ - ПСЖ 0:1 (0:1), вкупен резултат 1:1, на пенали 1:4
/Дембеле 12'/

 

11 март 2025 - 23:41