Миовски беше сведок на најсилната одбрана во Ла Лига

Во малото дерби на Барселона, Еспањол и Жирона одиграа 1-1 и си поделија по бод. Бојан Миовски играше од почеток за гостите и доби 70 минути пред да биде заменет од ветеранот Кристијан Стуани кој го израмни резултатот од пенал во 88-ма минута. Претходно Жоан Гарсија, голманот на Еспањол кој важи за еден од најдобрите голмани во шпанскиот фудбал, имаше невозможна реакција при еден топовски удар на гостински фудбалер.

11 март 2025 - 09:13