Каков луд почеток на дербито - Атлетико му даде гол на Реал од соблекувална

Во едно од најжестоките дербија во Европа, Атлетико Мадрид во реваншот од осминафинале на Лига на шампиони го отвори мечот против Реал Мадрид со гол во 27-ма секунда. Англискиот репрезентативец Конор Галахер погоди и најави лудо дерби до крајот. Во моментов вкупниот резултат е 2:2.

12 март 2025 - 21:09