
Во ист ден кога излезе интервјуто со Гери Невил во кое Џим Ратклиф на широко зборуваше разни теми, се појави и потврда за веста дека Манчестер Јунајтед би можел да добие нов стадион кој ќе има капацитет до 100.000 места, би бил најголем во Англија и би бил своевиден „Вембли за Северот“ како што велат од Манчестер.
Сегашниот „Олд Трафорд“ кој е прав храм на фудбалот, е изграден во далечната 1910-та година и од тогаш до сега преживеал многу реконструкции.
Изградбата на нов стадион „Нов Трафорд“ би можела да го чини клубот, градот и властите околу 2 милијарди и 400 милиони евра, со оглед на тоа што е предвидена и масивна градба на нови деловни и индустриски објекти и сообраќајници во делокруг на новиот стадион.
Сер Џим Ратклиф кој важи за еден од најбогатите Британци, минатата година за околу 1,3 милијарди фунти купил 28,94 одсто од акциите во Манчестер Јунајтед а неговата компанија ги превзема фудбалските операции.
Тој уште од самиот почеток презел строги мерки на штедење кои чинеа и бројни откази меѓу вработените во клубот.