
Каталонците уште во првиот дел го решија прашањето на победникот затоа што постигнаа три гола. Барса прва поведе во 11-та минута преку Рафиња. Португалците израмнија само две минути подоцна кога по одличниот корнер на Андреас Шјелдеруп, ветеранот Николас Отаменди постигна гол за 1-1.
Набрзо во 27-ма минута прекрасен гол, најубав вечерта постигна Ламин Јамал кој после неколку дриблинзи го погоди подалечниот агол за ново водство на Барса, 2-1. Пред крајот на првиот дел, по една брза контра Бразилецот Рафиња постигна уште еден погодок за конечни 3-1 или вкупен резултат 4-1.
Рафиња вечерва постигна два гола. Бразилецот е прв стрелец во Лига на шампиони со дури 11 гола на 10 натпревари а има и 4 асистенции само во елитното друштво.