Реал царува во Мадрид, пеналите кобни за Атлетико!

Познати се сите четвртфиналисти во Лига на шампиони откако вечерва се одиграа реванш дуелите од осминафиналните средби. Арсенал по историските 1-7 кај ПСВ, дома одигра 2-2 и со вкупни 9-3 оди понатаму. Атлетико Мадрид и Реал Мадрид решаваа на пенали а „кралевите“ ги изведуваа поспретно. Борусија го совлада Лил на гости и обезбеди четвртфинале, а Асенсио ја одведе Астон Вила на тоа место.

Epa images
Epa images
Epa images

Фудбалерите на Реал Мадрид успеаа да го совладаат Атлетико Мадрид на пенали. Во пенал серијата, на Хулиан Алварез му беше поништен пенал поради двоен контакт со топката при ударот од белата точка.

Кај Атлетико Мадрид промаши и Диего Љоренте, а кај Реал Мадрид само Лукас Васкез и „кралскиот клуб“ отиде во четвртфинале по голот на Рудигер во последниот пенал.

Реал Мадрид на овој начин ги има добиено сите 6 нокаут натпревари против градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лига на шампиони или некогашниот Куп на европски шампиони:

1959-та, полуфинале

2014-та, финале

2015-та, четвртфинале

2016-та, финале

2017-та, полуфинале

2025-та, осминафинале

Лига на шампиони, осминафинале, резултати:

ЛИЛ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-2 (1-0), вкупен резултат 2:3
/Давид 5' - Џан 54', Бејер 65'/

АРСЕНАЛ - ПСВ АЈНДХОВЕН 2-2 (2-1), вкупен резултат 9:3
/Зинченко 6', Рајс 37' - Перишиќ 18', Дриуеш 70'/

АСТОН ВИЛА - КЛУБ БРИЖ 3-0 (0-0), вкупен резултат 6:1
/Асенсио 50', 61', Матсен 57'/

АТЛЕТИКО МАДРИД - РЕАЛ МАДРИД 1-0 (1-0), вкупен резултат 2-2, на пенали 2-4
/Калахер 1'/

 

12 март 2025 - 23:36