Син му на Буфон дебитираше во сениорски фудбал

Седумнаесет годишниот Луи Буфон го имаше своето деби за италијанскиот второлигаш Пиза на меч против Специја. Пиза која е втора на табела и има големи шанси да влезе во Серија А првпат после цели 34 години од клупата ја води Филипо Пипо Инзаги.

Во дербито меѓу Специја и Пиза кое домаќините го добија 3:2 (Пиза е втора на табела со 57 бода, Специја е трета со 54 бода, а Сасуоло е прв со 66), во 84-та минута во игра кај гостите од клупа за резерви влезе Луи Буфон, син на легендарниот голман Џанлуиџи.

Луи Буфон кој е роден во Торино, има 17 години и игра за младинската репрезентација на Чешка. Тој е син на Буфон од првиот брак со чешкиот модел Алена Шередова.

Буфон-помладиот игра лево крило.

11 март 2025 - 13:49