Лука Дончиќ и со очаен шут стигна до трипл-дабл

ЛА Лејкерс играше сјајно и забележа дури осум победи по ред. Со доаѓањето на суперѕвездата Лука Дончиќ а заминувањето на Ентони Дејвис екипата играше уште подобро, но сега се повреди Леброн Џејмс и уморот како да ги стинува „езерџиите“.

Леброн Џејмс доживеал повреда на препоната на левата нога во поразот во дербито со Бостон Селтикс изминатиот викенд.

Леброн веројатно околу две-три недели ќе биде надвор од паркетите, соопшти новинарот Шемс Чаранија, па ЛА Лејкерс ќе има тешка задача без него да победува.

Неговото отсуство се почуствува и во синоќешниот пораз од Бруклин Нетс 111:108. Лука Дончиќ и покрај тоа што имаше катастрофален шут 8/26 од игра, на крајот стигна до трипл-дабл учинок од 22 поени, 12 скока и 12 асистенции.

Лејкерс водеше во текот на првата четвртина но Нетс се вратија до полувремето и на паузата водеа со +1 поен разлика. Веќе во вториот дел Бруклин Нетс ја одржуваше предноста но не ја зголеми убедливо.

Во драматичен финиш Дончиќ погоди тројка и ЛА Лејкерс пријде на -2 на 11 секнди пред крајот но на спротивната страна Ноа Клауни постигна кош под фаул и мечот беше решен.

Токму Ноа Клауни со 19 поени беше најефикасен кај Бруклин Нетс, Кем Џонсон уфрли 18 поени со седум скока и пет асистенции а Кион Џонсон стигна до 18 поени исто.

Кај Лејкерс, покрај Дончиќ одличен беше Гејб Винсен со 24 поени, Далтон Кнект додаде 19 а Гудвин и Остин Ривс броеа до 17 поени.

Standings provided by Sofascore
11 март 2025 - 08:44