Шалке на гостување колку цела Бундеслига на гостување
Дваесет и пет илјади (25.000) навивачи на второлигашот Шалке 04 биле на гостинскиот натпревар против Херта во Белрин изминатиот викенд. Во текот на сите натпревари во германската Бундеслига тој викенд имало вкупно 26.500 гостински навивачи. Шалке победи 1-2 и се наоѓа на 11-то место во втората лига. Херта Берлин е на 14-то место и ќе се бори за опстанок во втора лига.