Норвешки селектори на скијачи правеле дубари со костими, одземени им се медалите од Светско првенство

Голем скандал го тресе скијачкиот свет откако двајца норвешки натпреварувачи во скијачки скокови манипулирале со опремата за време на Светското првенство кое се одржува во нивната земја.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Норвешката скијачка федерација ги суспендирала селекторот на репрезентацијата во скијачки скокови и менаџерот на репрезентацијата откако се дознало дека учествувале во големиот манипулативен скандал кој ги шокирал сите кои го следат белиот спорт.

Светското првенство во скијачки скокови се одржа во норвешкиот град Трондхајм изминатиот викенд.

Норвешката федерација соопштила дека селекторот на селекцијата по скијачки скокови Магнус Бревиг и неговиот соработник Адриан Ливелтен се суспендирани затоа што манипулирале со опремата, односно пришивање дополнителни шавови на облеката за скијачки скокови со цел да се создава повеќе воздух во нив за време на скокот и да им биде полесно скокањето.

Норвешка е една од најголемите скијачки велесили, особено во скијачки скокови, така што овој скандал предизвикал голема бура во земјата која смета дека е фрлена дамка над нивната гордост: скијачките скокови.

Скокачите Мариус Линдвик и Јохан Андре' Форганг биле суспендирани од саботниот натпревар откако организаторите забележале дека тие двајца ги прекршиле правилата. Линдвик завршил втор на турнирот и добил сребрен медал на Светското првенство но истиот му е одземен.

Се појавило видео на кое Јан Ерик Албу, директор во федерацијата вели: „Мислам дека... лажиравме. Се обидовме да го превариме системот. Ова е неприфатливо“.

Подоцна Албу признал и рекол дека првпат пришиле дополнителен шав и направил споредба со едрење со цел подобро да објасни зошто поцврсто одело им помага на скокачите да летаат подолго во воздухот.

Самиот натпреварувач, Јохан Форганг изјавил дека бил шокиран кога дознал затоа што не знаел дека имал пришиена опрема за скокање: „Ова Светско првенство требаше да биде недела од сонишата, а наместо тоа заврши како трагедија. Најважно за мене е да нагласам дека јас никогаш не сум бил свесен дека моето скокачко одело било манипулирано. Секогаш имав голема доверба во стручниот штаб кој работеше неуморно да изградиме конкурентна екипа. Но овојпат линијата е премината. Ова е срцепарателно не само за мене туку за сите кои го сакаат овој спорт“.

Линдвик, пак, неговиот колега, ја нарекол целата ситуација „кошмарна“ и рекол дека тој се чувствува „скршен и тажен“. „Не знаев дека моето скокачко одело било лажирано и никогаш не би го носел да знаев. Тешко ми е да зборувам што чувствувам во моментов“, напишал на Инстаграм 26-годишниот Линдвик кој има и олимписко злато.

Меѓународната скијачка и сноуборд федерација во неделата соопштила дека отворила сопствена истрага после која ќе соопшти детали.

На видеото се гледа и шивачка машина со која наводно се пришивале недозволени делови на скијачката опрема.

12 март 2025 - 11:25