Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Еврогол на Барела, историски дебакл на Лацио

Требаше да биде дерби на колото меѓу две екипи во топ форма и со ист број на бодови, но се претвори во кошмар за домаќините кои не паметат ваков пораз во Рим.

Навивачка будалаштина на сезоната

Навивач на Јувентус ги ремети гостите од Венеција за високите количества на вода во нивните канали, кои надојдоа како резултат на климатските промени. Фали поширок кадар, да видиме, можеби и пераи има ставено.

Адриано на Матераци му пее хит од Тициано Феро

Адриано во опуштено издание и гол, класика. Десно од него е  Марко Матераци, а лево Цезар и двајцата поранешни клупски колеги од Интер. Во Рио се за неговиот проштален натпревар на Маракана.

Гвардиола: Дајте ни одмор од 3 месеци како во НБА, па ставајте и по 80 меча годишно

Пеп Гвардиола зборува за повредата на Родри кој одиграл 75 натпревари минатата сезона, а од таму право на Европско кое го играше до крај. И општо за набиениот распоред со купишта мечеви. Во право е што често критикува на оваа тема, бидејќи фрчат повреди на сите страни. Реал на пример сезонава брои вкупно 26 повреди.

Многу емоции во Севиља, легендата Хесус Навас го одигра последниот домашен натпревар

Легендарниот шпански фудбалер Хесус Навас го одигра својот последен домашен меч за Севиља на стадионот „Рамон Санчез - Пизхуан“. Двократниот европски и еднократен светски шампион со Шпанија и неколкукратен освојувач на Лига Европа во Севиља игра 18 сезони (од 2003/2004 до 2024/2025).

Срамната глума на Кукуреља

Европскиот првак со Шпанија, Марк Кукуреља во Премиер лигата важи за еден од поомразените фудбалери и кај навивачите и кај играчите. Тој на мечот Челси - Брентфорд во финишот кога неговиот тим бранеше предност од 2-1 изглуми фаул и го намести противничкиот играч Јанелт поради што овој доби жолт картон. Глумата на Шпанецот ги изиритира фудбалерите на Брентфорд, настана гужва во која и самиот Кукуреља доби втор жолт и црвен картон на крајот.

Михајловиќ: Кога пијам ракија вадам две чаши, едната за мене другата за татко ми

На 16 декември, 2022-ра, на два дена пред спектакуларното финале меѓу Аргентина и Франција во Катар, замина големиот Синиша Михајловиќ. Европски првак со Црвена Ѕвезда, шампион на Италија со Лацио, симбол на славните ју времиња, неприкосновен изведувач на слободни удари, успешен тренер, фајтер во душа, почитуван во фудбалскиот свет. Жалеше само за една работа во животот која ја објасни во тв гостување во Италија пред 5 години.

Жесток хаос во Глазгов меѓу навивачи на Селтик и Ренџерс

Проценката на полицијата во Глазгов е дека на улиците на Глазгов се судриле околу 150 членови на групата Зелена Бригада (Селтик) и Унион Беарс (Ренџерс). Судирот бил толку жесток што и самите присутни полицајци решиле да се повлечат пред да стигне засилување.

Реакцијата на Рудигер за шокантниот пораз на Барселона

Како одминува сезоната, така големите екипи сè повеќе паѓаат во форма. Изминатиов викенд со половичен успех или без бодови останаа Баерн Минхен, Арсенал, Ливерпул, Реал Мадрид. Најголемо изненадување приреди Леганес кој со 0-1 ја совлада Барселона и ја продолжи мини кризата на Каталонците кои на последните 8 меча имаат само една победа а ова им беше втор пораз по ред на домашен терен.

Грмотевици на Сан Сиро, тифозите против американската управа

На денот кога Милан прослави 125-годишен роденен, пред мечот против Џенова кој заврши 0-0 имаше низа настани на теренот со кои се одбележа големиот јубилеј. Но навивачите на Милан обединети под групата Курва Суд (Јужна трибина) надвор од стадионот а подоцна и на трибини го искажаа револтот од управата на чело со италијанскиот Американец Гери Кардинале.

Изместениот нишан на Каталонците

После ремито на Реал против Рајо, Барса дома киксна со Леганес и загуби 0:1 со гол во 4 минута. Не се во добра серија, имаат само една победа на последните 6 првенствени средби. Издвојуваме четири промашувања на фаворитот.

Лука Дончиќ со страшен трипл-дабл во историски меч го распарчи Голден Стејт Вориорс

Суперѕвездата го водеше својот Далас Маверикс до 17. победа во сезоната откако синоќа на гостински паркет во Сан Франциско славеа 143:133. Овој натпревар влезе во историските книги.

Кога Силекс во Кратово станал хит во цела Југославија

Неколкукратниот шампион на Македонија, Силекс Кратово има фина, пристојна клупска историја. На времето во поранешна Југославија Кратовци играа во трета лига, а во сезоната 1988/1989 стигнале дури и до четвртфиналето на Купот на Југославија притоа елиминирајќи го силниот Жељезничар Сараево. Кратовци биле хит во тоа време како кога денес некој третолигаш ќе урне голем фаворит. Цел град бил на нозе. Убави времиња.

Емоции до небо на Маракана со Адриано, го пуштија татко му на видео бим

Легендарниот стадион Маракана во Рио де Жаниеро беше домаќин на пријателски натпревар во чест на славниот бразилски напаѓач Адриано, кој го одигра својот последен натпревар.

Редар со пендрек напаѓа навивач на Вардар пред дербито во Битола

Комити објавија видео од пред влезот на салата Боро Чурлевски на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. На него може да се забележи член на обезбедување претворен во силеџија кој тепа луѓе со пендрек во очи на ракометниот празник. За какво одговарање и суспендирање од работа би се правело муабет, кога на полицаецот до него не му чуе.

Пречекот на Пеп на Етихад

Манчестер Сити има една победа, 2 нерешени и 8 порази на последните 11 средби, криза со која прв пат се соочува откако Пеп Гвардиола им е тренер. Но, навивачите не плукаат, туку ценат и му даваат поддршка на тренерот кој ги направи луѓе и им донесе 18 трофеи последниве 6 години. Го окуражија со прекрасна кореографија на која стоеше неговиот лик и напишаа „Повеќе од тренер“.

Дерби со кошмарски крај за Сити и Гвардиола

Продолжуваат фрустрациите за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Го загубија градското дерби на пацерски начин, а водеа до 88 минута.

Антиќ пречекан во Белград со аплаузи и дрес од Црвена Ѕвезда

Црвена Ѕвезда го совлада Олимпијакос со 87:73, во 15 коло од Евролигата. Перо Антиќ беше во Белград за да ја гледа во живо пресметката меѓу двата негови поранешни клубови. Дресот на Звезда го носеше од 2005 до 2007 година и освои Куп, а за Олимпијакос во периодот од 2011 до 2013 година освои две европски титули. Од домаќините доби дрес кој го облече на лице место.

Српски навивачи на Реал му бараат фотка на Модриќ

Нека служи како уште еден фин пример после оној со коментаторот. Ѓоковиќ на пример и Хрватите ги бодри во фудбал.

Ајакс забрани гостински навивачи, ама тројца лацијали од Македонија влегоа на Јохан Кројф

Сегде нè има и често виси македонското знаме на натпреварите на Реал, Барса, Ливерпул, Милан, Интер, Јуве...Наши навивачи често патуваат во Лига на шампиони, ама и во Лига Европа. Тројца Македонци го бодреа Лацио среде Амстердам и тоа после забрана со остро соопштение на четири кратниот европски првак.

Србија, Албанија и Англија во иста група на патот за Светско

Денешната ждрепка за квалификациите за Светско првенство 2026 донесе две селекции кои имаат бурно минато повторно во иста група. Од прв шешир во групата К доаѓа силниот фаворит за прво место Англија, од втор шешир беше извлечена Србија а од трет дојде Албанија. Плус аутсајдерите Латвија и Андора. Натпреварите ќе се играат од март до ноември во групите кои имаат по пет селекции.

Милевски: Извлекувањето во Цирих ни носи надеж

Селекторот на македонската фудбалска рeпрезентација, Благоја Милевски ја искоментира квалификациската група за СП 2026. Фактите за Казахстан говорат друго.

Поволна ждрепка за Македонија во квалификациите за Светско, ги избегнавме гигантите

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за СП 2026 кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Имавме среќа.