Милиони навивачи на Галатасарај го следеле летот на Лирој Сане

Дваесет и девет годишниот фантастичен германски репрезентативец Лирој Сане сезонава учествуваше во шампионската титула на Баерн Минхен со 11 гола и 6 асистенции на 30 натпревари. Сане даде и по 1 гол во Лига на шампиони и во Купот на Германија. Тој со години беше меѓу клучните играчи на Баварците а летово се реши да не го продолжи договорот со Баерн и се одлучи на необичен чекор - да оди во турски Галатасарај кој за него ќе одвои повеќе од 15 милиони евра.

Навивачите на Галатасарај се веќе во транс што им доаѓа така добар играч. Синоќа летот на Сане до Истанбул го следеле повеќе од 1 милион луѓе.

 

12 јуни 2025 - 09:29