Белингам потпиша со Борусија Дортмунд

Младиот англиски фудбалер Џоб Белингем денес е претставен како ново засилување за Борусија Дортмунд. Џоб (19) е помлад брат на суперѕвездата Џуд Белингем од Реал Мадрид кој исто така својата класа ја потврди преку Дортмунд пред да дојде во Реал. Џоб и Џуд ја почнале кариерата во Бирмингем. Потоа Џоб продолжи во Сандерленд со кого сезонава имаше огромен успех и преку финалето на баражот во Чемпионшип се пласираа во Премиер лига. Борусија за него плаќа 33 милиони евра плус евентуални 5 милиони евра од бонуси. Игра во средниот ред и покрива повеќе позиции како централен играч за врска.

10 јуни 2025 - 14:59