Митровиќ прослави убав јубилеј „100-ка“ со хет-трик

Репрезентацијата на Србија ја победи Андора со 3-0 во натпревар од групата К во квалификациите за Светско првенство 2026. Сите три гола беа дело на луцидниот центарфор Александар Митровиќ кој го одигра својот златен 100-ти јубилеен натпревар за Србија. Си се почасти со хет-трик со голови во 12-та, 24-та и 53-та минута. На крајот е награден со плакета од првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија Драган Ѓајиќ и со аплаузи од гледачите и соиграчите во Лесковац.

Со овие нови три гола Митровиќ стигна до бројката од 62 погодоци за репрезентацијата на Србија:

После натпреварот доби пригоден подарок од Фудбалскиот сојуз на Србија:

 

11 јуни 2025 - 08:48