
Ова е прв пораз за Англија под водство на новиот селектор Томас Тухел а Сенегал целосно заслужено стана прва репрезентација од Африка што ја совладала Англија. Претходно Англичаните имале 15 победи и 6 нерешени на 21 натпревар против ривали од Африка.
Англија синоќа играше во солиден состав, со првите ѕвезди Хари Кејн, Џуд Белингем (влезе од клупата за резерви), Букајо Сака, Деклан Рајс, Калахер, Нони Мадуеке, Куртис Џонс, Морган Роџерс...
Во 1990-та година Англија била близу пораз од Тунис но Стив Бел израмнил на 1-1 во 88' минута на пријателска пред Светското првенство '90 во Италија. А таму на Мундијалот Англија во продолженија го совлада симпатичниот Камерун на Рожер Мила 3:2 во четвртфиналето.
Прв и пооследен пат до синоќа кога Англија доживеала пораз од земја од друг континент била Австралија во 2003-та кога „кенгурите“ славеле 3-1 на „Аптон Парк“.