
Австралија ги завршува квалификациите во групата Ц со 19 бода, четири помалку од апсолутниот лидер Јапонија која одамна е пласирана на Светско првенство а Саудиска Арабија остана на трето место со 13 бода и заедно со Индонезија ќе играат во баражот.
Ова се седми квалификации за Австралија за Светско првенство во нивната фудбалска историја, а шести по ред. Првпат на Мундијал играа во 1974-та година а подоцна мораа да чекаат дури до 2006-та година кога завршија втори, се пласираа на Светско а од тогаш не пропуштија ниту еден најголем фудбалски настан.
Во сево ова голема улога им одигра и преминот од Фудбалската конфедерација на Океанија во Фудбалската конфедерација на Азија во 2006-та година. По петти пат ќе играат на Светско првенство.
А Бразил синоќа со победата од 1:0 над Парагвај, прва под кормилото на Карло Анчелоти, обезбеди пласман на Светско првенство 2026. Кариоките на тој начин станаа единствена светска селекција која не пропуштила ниту еден Мундијал уште од првиот одигран во 1930-та.
Карта за Мундијал 2026 чекираа за сега следните селекции: Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Еквадор, Иран, Јапонија, Јордан, Мексико, Нов Зеланд, Јужна Кореја, САД и Узбекистан.