
Од мал фудбал на 16 години во родниот град Штип до присуство на финале на Лига на шампиони во кое играше неговиот омилен Реал Мадрид чиј навивач е, Бојан Миовски не можел да замисли ниту во најлудите сни дека еден ден ќе игра во Лига на шампиони и ќе стане прв центарфор на македонската фудбалска репрезентација.
Но 19-та на Жирона оствари некои соништа сезонава и покрај тешката дебитантска година во Ла Лига.
A curler from Bojan Miovski ☄️#NationsLeague pic.twitter.com/MnzBFUuisF
— UEFA EURO (@UEFAEURO) October 15, 2024
„Многу мои соништа се остварија сезонава, иако не како што се надевав или очекував бидејќи промашив пенал на деби во Лига на шампиони. Но тоа само повеќе ми ја покрена мотивацијата, сум имал и полоши ситуации во кариерата. Настапи во ЛШ и во една од Топ5 лигите во Европа е ултимативна цел на секој играч, а кога ќе се сетам дека на 16 години играв мал фудбал со другарите... И некој да ми кажел тогаш дека 10-ина години подоцна ќе играм во Лига на шампиони и во Ла Лига, искрено, не би му поверувал. Но напорната работа секогаш се исплати“, вели Миовски на почеток на интервјуто.
Откако постигна 44 гола на 98 настапи, Македонецот стана најскап играч во историјата на Абердин откако замина за Жирона минатото лето, но наскоро 26-годишникот не заигра веднаш во најдобрата шпанска лига.
Клубот од Каталонија ја почна минатата сезона со настапи во Лига на шампиони но ја заврши сезоната на 16-то место на табела, само бод над опасната зона за испаѓање од Ла Лига.
Во година која му го сменила животот во која направи голем трансфер, стана сопруг и татко, Миовски раскажува и за важноста на предсезонските подготовки, и изборот на проект пред парите.
ГОДИНА НА ПРОМЕНИ И ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЖИРОНА
Една од главните причини поради спориот старт на Бојан Миовски во Жирона беше тоа што ја проуштил пред-сезоната со оглед на тоа што договорите се оддолжиле и подолго од што се очекувало.
„Бев несиугрен каде би ја продолжил кариерата иако знаев дека дефинитивно ќе си одам. Ја почнав пред сезоната со Абердин, но не одиграв ниту еден подготвителен натпревар зошто никој не сакаше да се повредам“.
„Искрено не очекував преговорите да потраат толку колку што траеа и ми влијаеше физички, зошто не бев спремен да играм веднаш, а мојот трансфер беше завршен пред почеток на 2. коло во Ла Лига. Притоа во септември имаше репрезентативна пауза и немав доволно време да се адаптирам и навикнам на тренинг со моите нови соиграчи што го направи прилагодувањето потешко.
Откако беше избран во тимот на сезоната 2023/2024 во Шкотска, бројот 9 на Абердин стана еден од најбараните играчи со интерес од цела Европа, со Селтик како еден од најзаинтересираните клубови за негов трансфер. Но Миовски реши да се приклучи на Жирона, клуб од Топ5 лигите.
„Како фудбалер секогаш бирам екипи чија игра му лежи на мојот стил на игра, и Жирона беше најдобра можност за мене минатото лето. Важно е да кажам дека не беше финансиски најдобра понуда што ја добив, но како играч, мојот приоритет е да напредувам во играта и да бидам во клуб каде ќе играм стандардно.
Жирона играше напаѓачки фудбал минатата сезона и како напаѓач мислев дека треба да одам во екипа која создава најмалку шест-седум чисти шанси за напаѓач да даде гол. Но за жал тоа не беше случај сезонава, беше целосно спротивно во споредба со минатата сезона.
Имавме проблеми со повреди и игравме многу бавно, не бевме воопшто опасни, ниту центриравме доволно што го направи животот потежок за нас центарфорите. Тоа е зошто сметам дека сезонава е неуспешна од колективна гледна точка.
Иако изборивме опстанок, можевме да направиме многу повеќе со оваа екипа. Но во фудбалот сите коцки мора да бидат сложени за екипата да игра добро а сезонава беше неуспешна за нас“, вели Миовски во опширното интервју.
Тој се жали и дека малку играл во текот на целата сезона, а особено во финишот на сезоната кога се надевал дека ќе добие шанса добрата форма од репрезентација да ја потврди и на клупски план но дека тренерот Мичел со кого инаку е во добри односи, одлучувал поинаку.
A fond but sad farewell#Miovski pic.twitter.com/uHlgybHMwI
— NE Loon🏴 (@drookitfutrit) August 11, 2024
Photo by Alex Caparros/Getty Images