15 години од лудиот гол на Шабалала од Јужна Африка на Светско

Сифиве Шабалала, брзото лево крило на репрезентацијата на Јужна Африка го постигна најубавиот погодок на отворање на едно Светско првенство. И тоа во неговата земја, во 2010-та година кога во 55' минута од мечот против Мексико постигна прекрасен гол кој таа година беше номиниран за наградата „Ференц Пушкаш“ која ја доделува ФИФА.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Ова Светско 2010 во Јужна Африка остана запаметено по безвременскиот хит на Шакира It's time for Africa, по лудите голови на Уругваецот Диего Форлан, црвениот на Суарез кога спаси пораз, потопот на Французите со Рајмон Доменек и секако досадните вувузели кои ден-денес ги гњават гледачите.

11 јуни 2025 - 08:41