И брат му на Алкараз да ти бил одличен тенисер

Шпанската јавност денес пишува за Хаиме Алкараз, помалиот брат на еден од најдобрите светски тенисери Карлос Алкараз, кој на еден турнир освоил прво место во денот кога славел 14-ти роденден.

Деновиве се посебни за фамилијата Алкараз Гарфија, која прослави неверојатен и епски триумф на Карлос Алкараз во големото финале на Ролан Гарос после зачудувачки пресврт против Јаник Синер од 2-0 до 2-3 на „Филип Шатрие“.

Сега семејството може да биде гордо и на неговиот брат, Хаиме Алкараз кој освоил сериозен регионален турнир за млади тенисери.

Хаиме е член на клубот Реал Сосиедад и во финалето во категорија младинци го победил Алваро Мартин, соиграч од неговиот клуб 2-1 по сетови 7-6, 1-6, 6-3.

Карлос сега го очекуваат настапи на британско тло каде ќе ја напаѓа титулата на Вимблдон во силна конкуренција за тронот. Во меѓувреме Хаиме ќе учи од својот постар брат и ќе се обиде да тргне по негови стапки.

11 јуни 2025 - 16:54