Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Роналдињо на тренинг ја залепи од прва

Од некој друг би се одбила како од дрво, а Бразилецот покажа како се потпишува со топката.

Ефикасна вечер во ЛЕ

Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.

Се откажуваат од играње поради висок пораз

Веста на денот ни доаѓа од Шпанија каде малолетници постигнаа резултат кој ретко може да се види и на ракомет.

Берлускони го сака Милан без странци

Претседателот на Милан изјави дека клубот почнал со нова филозофија според која во составот ќе играат само млади италијански фудбалери. Му смета што Интер го води човек од Индонезија, а не Масимо Морати.

Адеми и Абдурахими немаат право на кикс

Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.

Брајан Руиз можел и од корнер

Фудбалерот кој се прослави на СП 2014 со Костарика, моментално игра во Чемпионшип за Фулам. Прецизната левица вчера ја покажа против Блекпул од мртов агол.

16 меча казна за удар во око

Фудбалерот на Таргу Муреш, Габриел Мурешан ќе мора да плати и парична казна од 4.500 фунти за лактот кој му го додели на Раул Русеску од Стеауа Букурешт на 26 октомври.

РК Вардар го суспендираше Милиќ

Голманот на скопскиот клуб претходниот викенд беше исфрлен од српската репрезентација затоа што пијан се вратил во хотелот, а сега го казнија и во Вардар.

Играта на Сити подосадна од мачкање путер

Додека обложувачите и навивачи се нервираа што Сити како фаворит губи од ЦСКА Москва, еден навивач на англискиот клуб си нашол занимација.

Антиќ: Љубовта спрема браќа не се дели

„Да бев во Европа и да можев да спојам два дена, веднаш ќе се качев во авион за да присуствувам на тој меч“, вели кошаркарот на Атланта Хокс.

Ибраими ги стиши гостите од Лондон

Мурињо се жалеше во саботата дека фановите на Челси не се доволно гласни, по што вчера на гостувањето во Словенија им мереа децибели.

Евертон - Лил на МТВ1 и Феенорд - Ријека на Арена Спорт

Четврто коло и 8 средби од ЛЕ и кошаркарска Евролига вечерва на ТВ.

Џинобили им пресуди на Антиќ и Атланта

Иако Хокси одиграа одлично второ полувреме и го држеа натпреварот во егал, последните два коша беа дело на Аргентинецот со кои Сан Антонио славеше 94:92 против Атланта.

ЕЛЕМ немилосрден против СЦ Борис Трајковски

Во последниот ден од петтото коло во Бизнис лигата покрај Елем, победи славеа и екипите на TRANSMET и Македонски Телеком.

Голчиште на Ибраими за реми против Челси

Манчестер Сити доби шлаканица пред своја публика од ЦСКА Москва, Азард промаши пенал за триумф, а Меси со два гола го реши Ајакс и го стигна Раул на вечната листа во ЛШ. Осминафинале обезбедија Баерн, ПСЖ, Барселона и Порто.

РК Металург: Лаги и подметнувања на ракометарите, несериозно е да се омаловажува Червар

Македонскиот ракометен шампион реагираше по обвинувањата на ракометарите и застана во одбрана на хрватскиот тренер. Од клубот најавуваат и дисциплински мерки за играчите.

Што се случи со шутот на Брендон Најт?

Сè уште збунети од несфатливиот автогол во Бразил,  се појави кошаркарот на Милвоки со овој потег за кој исто така бараме дополнително објаснување.

Поразителни бројки за резервниот Ливерпул

По вчерашниот пораз од Реал Мадрид, навивачите на Ливерпул му замеруваат на тренерот Роџерс што на клупата седнал 7 првотимци. За прв пат после 8 години Ливерпул не дал гол на три натпревари по ред во ЛШ, а Реал има 10 победи по ред на Бернабеу.

Градска дерби тепачка и во Манчестер

Пред натпреварот Сити - Јунајтед се судрија навивачите на двата тима, а снимката денес излезе во јавност. Хулиганите на Јунајтед дошле до паб каде веќе биле собрани „граѓаните“ по што настанал хаосот после кој се уапсени 15 хулигани.

Автогол што не може да се разбере

Видеото е од нисколигашки бразилски меч и колку и да стискате на рипит нема да сфатите како и со помош на кој дел од телото топката земав ваков замав и заврши во гол.

Фемили Аеродром упадна во Градски парк

Вчера вечер во салата Градски Парк влегла група навивачи на МЗТ Скопје и ги нападнала неколкуте членови на ЦПБ, по што им зеле дел од кореографија подготвувана за денешниот дуел.

Дејвид Џејмс во банкрот, продава сè што има

Поранешниот голман на англиската репрезентација по објавувањето банкрот, реши на аукција да ги стави сите предмети од неговата кариера. Продава дресови што ги носеле Лампард, Анри, Ван дер Сар, Фаулер, Трезеге и други.

Ракометарите на Металург: Червар го омаловажува нашиот учинок во клубот

„Наш впечаток е дека негов интерес не е ниту Металург, ниту ние како играчи, ниту пак гаење на нови домашни кадри, туку свој личен инетерс, а тоа е што подолго да се остане во клубот по секоја цена, притоа без никаква емоција кон спортот, клубот или пак играчите“, велат играчите.