Македонски Телеком убедлив во дуелот со МЕПСО
МЕПСО 0-5 (0-3) Македонски Телеком
МЕПСО: /
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 11’, 15’, 16’, Душко Симоноски 25’, Ивица Вељановски 26’
Македонски Телеком кој секогаш е еден од претендентите за титула во Бизнис Лигата на Македонија имаше своја вечер и во целост го надигра МЕПСО, како во нападот така и во одбраната. Екипата на МЕПСО немаше решение за расположениот Македонски Телеком вечерва, кој не дозволи во ниеден момент победникот да се доведе во прашање, па го доби со убедливи 0-5.
TRANSMET со офанзивна игра до победа над ONE
ONE 2-4 (0-2) TRANSMET
ONE: Жарко Митевски 36’, Дарко Таневски 40’
TRANSMET: Перо Ангелески 10’, 25’, Амер Скендеровиќ 20’, Игор Пејовски 33’
Во првото полувреме екипата на TRANSMET играше поофанзивен фудбал кој овозможи поголем посед на топката за разлика од екипата наONE. Во ваквата игра TRANSMET имаше повеќе удари кон голот од кои во 10’ успеа да реализира. Голманот на ONE на неколку наврати успеа да спречи 100-постотни шанси за гол, па на полувремето TRANSMET замина со минимална предност од 0-2. Во второто полувреме TRANSMETпродолжи во одличен ритам, не давајќи му на ONE да се развие, си овозможи мирна завршница за победа на овој натпревар од 2-4.
Физичката подготвеност го одлучи победникот помеѓу ЕЛЕМ и СЦ Борис Трајковски
ЕЛЕМ 11-3 (3-3) СЦ Борис Трајковски
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 3’, 20’, 23’, Петко Бушески 17’, Александар Николовски 23’, 24’, 30’, Пеце Соклевски 27’, Ристе Стефановски 35’, 40’, Жан Ристевски 40’
СЦ Борис Трајковски: Јован Димовски 7’, Влахо Костов 8’, Љубомир Стојановски 20’
Крајно израмнета игра во првото полувреме, и двете екипи полувремето го играа во идентичен ритам и кога екипата на ЕЛЕМ мислеше дека ќе замине со водство од 3-2 на полувремето, буквално во последната секунда Љубомир Стојановски израмни на 3-3 за влез во второто полувреме како на самиот старт од натпреварот. Во второто полувреме дојде до израз подобрата физичка подготвеност на екипата на ЕЛЕМ и до пад на концентрацијата кај СЦ Борис Трајковски, па ЕЛЕМ го доби овој натпревар со 11-3.