642 навивачи на Челси мирно го гледаа дуелот на стадионот Људски Врт во Марибор, а уште потивки беа по евроголот на Агим Ибраими во 50-та минута.
Да се уверат во тврдењата на Мурињо, новинарите на Дејли Мејл со апарат за децибели измериле 92 децибели гласност на гостинските навивачи. Фановите од Лондон најгласни биле во скандирањата „Жозе дај ни песна“ (Jose, give us a song) и „Запеј Мурињо“ (Sign up Mourinho, sign up Mourinho) и во 73-та минута по голот на Немања Матиќ за 1:1.
Просечната гласност на фудбалските стадиони во Англија изнесува околу 110 децибели. Светскиот рекорд го држат навивачите на Канзас Сити со 142 децибели (стадионот собира 100.000 луѓе).
На крајот од средбата против Марибор, само капитенот Тери и Чех ги поздравија навивачите, додека сите останати истрчаа кон соблекувалните. Челси уште е лидер во групата со 8 поени а во следното коло му гостуваат на Шалке во Германија.