Русеску нема да може да игра до нова година, а докторот му рекол дека за малку ќе останел со едно око. Мурешан за фаулот доби само жолт картон.
Не е тоа цела вест за ќотекот на мечот. Се повредиле уште двајца играчи, а тренерот на Стеауа направил три принудни измени до 28 минута. Во болница завршил и Клаудиу Кесеру кој имал потрес на мозок, а за фаулот врз него Осман Н'Дое добил црвен картон и 6 месечна суспензија. Кесеру изјавил дека не се сеќава кога и зошто бил заменет на мечот.
„Ова е драстична одлука, никогаш не сум видел вакво нешто. Како може некој играч да биде казнет со 16 меча кога не добил црвен картон. Не ја разбирам ниту казната за Н`Дое. Ќе се жалиме за ова“, изјави директорот на Таргу Муреш
Раководството на најтрофејниот романски клуб го обвинија судијата за еден куп грешки, а најпознатиот весник во земјата Газета Спортурлиор на судијата му одреди оценка нула. Тренерот на Стеауа за следниот меч морал да повика четворица младинци.