Откако ја заврши кариерата, голманот замина во индиската лига каде е тренер и играч во клубот Керала Блејстерс. Иако во својата кариера заработил повеќе од 20 милиони фунти, Дејвид Џејмс крахирал во 2005-та година по разводот со сопругата. Дејвид Џејмс (44) ќе продава маици, дресови, шорцеви, ракавици, медали, грамофони, и други предмети кои според него имаат емоционална вредност, но морал да живее од нешто.
По банкротот во мај годинава, Џејмс решил на отворена продажба да ги стави дресовите кои ги добил од Френк Лампард, Петр Чех, Едвин Ван дер Сар, Мајкл Овен, Пол Инс, Роби Фаулер, Стивен Џерард и други.
Џејмс на продажба го ставил и неговиот најсакан дрес кој го носеше за време на дуелот Англија - Португалија на Светското првенство 2006 во Германија. Го продава дресот од финалето на ФА купот кога бранеше за Портсмут против Челси, како и оној од СП 2010 против Германија.
Во колку длабока криза западнал Џејмс покажува и тоа што решил да ја продаде шољата за чај која што ја добил од Кралскиот двор. Аукцијата ќе трае од 6. до 11. ноември.
Лична карта: Дејвид Џејмс
Роден: Велвајн Гарден, Англија
Кариера: Ватфорд, Ливерпул, Астон Вила, Вест Хем, Манчестер Сити, Портсмут, Бристол Сити, Бурнемут, ИБВ Исланд, репрезентација на Англија (53 настапи од 1997-2010)
Трофеи: Лига Куп (1995), ФА Куп (2008)