Поразителни бројки за резервниот Ливерпул

По вчерашниот пораз од Реал Мадрид, навивачите на Ливерпул му замеруваат на тренерот Роџерс што на клупата седнал 7 првотимци. За прв пат после 8 години Ливерпул не дал гол на три натпревари по ред во ЛШ, а Реал има 10 победи по ред на Бернабеу.

Стивен Џерард, Рахим Стерлинг, Глен Џонсон, Марио Балотели и Џордан Хендерсон, Филип Кутињо и Дејан Ловрен не беа во првиот состав против Реал, а тренерот Роџерс изјави дека ги чувал за саботниот натпревар против Челси во Премиер лигата.

Статистика:

- Ливерпул вчера имал само 4 шута од кои само еден во рамките на голот

- Фудбалерите на Реал Мадрид шутирале 27 пати од кои 9 во рамките на голот.

- Во првото полувреме, Ливерпул немаше ниту еден удар на голот, а Реал имаше 13.

- Кралевите претходно на Енфилд имаа 14 шута и дадоа 4 гола.

- Седумте првотимци на црвените кои вчера седеа на клупата имаат вкупно 137 натпревари во Лигата на шампионите.

- Првите 11 кои играа вчера искусиле 130 средби во ЛШ.

- Мадриѓаните истрчаа во состав кој има вкупно 642 натпревари во Лигата на шампионите.

- Реал Мадрид беше поубедлив и во поседот на топката со 62% наспроти 38% на Ливерпул.

- Стивен Џерард за прв пат од 2009. година седеше на клупата за резерви во натпревар од Лигата на шампионите.

- Карим Бензема го постигна петтиот гол во четвртиот настап годинава во ЛШ.

- Реал Мадрид победи десетти пат по ред на домашен терен од Лигата на шампионите.

5 ноември 2014 - 15:37