Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Антиќ со најдобар потег на неделата

Перо Антиќ го пропушти првиот меч сезонава во НБА лигата и заигра во второ коло против Индијана, а тоа му беше доволно да се најде во топ 5 листата на најдобри потези на Хокси.

Ибраими го пречекува Челси, Рома ќе се вади во Минхен

По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.

Работнички – МЗТ Скопје во 18:30 и Баерн Минхен – Рома во 20:45

Градското кошаркарско дерби од македонска лига, меч од Евролига и втора ноќ со натпреварите од Лигата на шампиони.

Лукоил преку колективна игра до победа над Алкалоид

Екипите на UNIQA, ЕВН и Лукоил славеа победи во вториот ден од петтото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Арсенал прокоцка 3 гола, Јувентус со пресврт до победа

Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.

Да не сакаше на голман да му ја вратиш?

Индискиот фудбал сезонава почнаа да го оправаат Трезеге, Деј Пјеро, Пирес и компанија, но нека се позанимаваат повеќе со Балјит Сахни од Атлетико Колката на кој му е неопходна помош.

Роналдо и Џемјс не можат со Пари

Боксерот кој го носи овој прекар поради тоа што нон стоп се слика и се клади со пари, е најплатен спортист во светот.

Манчестер му плаќа на Андерсон за да си оди

Ако во јануари не се јави купец за него, Јунајтед ќе го плати раскинувањето на договорот со Бразилецот кое клубот ќе го чини 1,4 милиони фунти.

Јаја Туре намали годинава со трчање

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска кој игра во средина, минатата година го имаше секаде на терен, а со 20 голови беше поефикасен и од напаѓачите на Манчестер Сити. По првите пет кола оваа сезона, се штеди.

Рекордерот во Лига на шампиони вечерва ќе му го бара дресот на Балотели

Во Реал Мадрид продефилираа 15 тренери и 5 претседатели, а за Ла Децима се чекаше 12 години. Сето ова од играчкиот кадар го издржа само Икер Касиљас кој годинава атакува на четвртиот пехар во најелитното клупско европско натпреварување.

Венгер и Хоџсон веруваат во Тео Волкот

Договорот на Волкот со Арсенал завршува на крајот од следната сезона, но тренерот на „топџиите" сака уште од сега да му го продолжи престојот на Емирати. По една година, Волкот се враќа и во репрезентацијата на Англија.

Македонија ќе ја напаѓа Словачка со Давид Бабунски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на играчи за квалификацискиот меч против Словачка.

Манчестер губи, а на Руни му е до песна

Прво Петр Чех покажа што знае на тапани, а сега Вејн Руни го начека Ед Ширан во еден паб и покажа каков глас има.

Наезда галеби помогнаа во контра напад

Конор Пеин од ФК Мелбурн од контра го постави конечниот резултат 2:0 против Велингтон Феникс а му асистираа океанските галеби.

Јувентус никако да го најде правиот напад

Во досегашниот тек од сезоната, Алегри проба 5 напаѓачи и 7 различни тандеми. Тевез и Љоренте дале најмногу гола, но играле повеќе од Мората, Коман и Џовинко заедно.

Пандев во обид да ја искористи кризата на Дортмунд

Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.

Израелското дерби не издржа ниту едно полувреме

Навивачите на дерби пресметката во Тел Авив влетаа на терен и го прекинаа мечот при резултат 1:1 по што настана тепачка, а провокацијата почна во 22 минута откако Еран Захави со пукање накај публиката го прослави голот. Револтот им е уште поголем и поради неговиот трансфер од Хапоел во Макаби.

Зенит - Леверкузен од 18:00 и Реал Мадрид - Ливерпул од 20:45

Вечерва се отвора 4. коло од Лигата на шампионите, а дербито на вечерта се игра во Шпанија каде Реал го пречекува Ливерпул.

Во дожд од голови Dominos Pizza подобар од Eurolink

Стартот од петтото коло во Бизнис лигата по вторат пат оваа сезона донесе ефикасен натпревар со 20 голови. На другите два меча Montenegro славеше убедливо против Контрола на летање, а Глобко Логистик и Sparkasse ги поделија бодовите.

Европската комисија ќе ја чешла работата на Динамо Загреб

Според хрватскиот tportal, ЕК ќе го истражува финансирањето на хрватскиот клуб од градскиот буџет, Загреб Холдинг и Туристичниот одбор на Загреб поради сомнение за нелегална помош и нарушување на конкуренцијата. 

10 причини зошто Мурињо е во право кога ги критикува навивачите

Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.

НБА од перспектива на Терминатор

Графичкиот приказ на акцијата е дел од најновата технологија со помош на која ќе може да се прати разновидна статистика во живо за време на натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот.