Играчот за врска дојде на Олд Трафорд во 2007-та година во пакет со Нани, како ново откритие на Сер Алекс Фергусон. Дури 26 милиони фунти изброија „ѓаволите" за неговите услуги, а во моментов не знаат како и каде да го пратат.
На Андерсон (26) му остануваат уште 6 месеци од договорот според кој заработува 60.000 фунти неделно. Тренерот Ван Гал уште пред почетокот на сезоната изјави дека нема да смета на Андерсон и тој беше понуден на Фиорентина, но италијанскиот клуб не сакаше да го купи.
Со цел да направат простор во екипата, во Манчестер Јунајтед се подготвени да му даваат плата и да го дадат на позајмица. Сезонава Андерсон играше само 2 пати и тоа во дебаклот 4:0 против МК Донс во купот и во ремито 0:0 со Барнли четири дена подоцна. За 7 сезони колку што е во клубот, Андерсон ниту еднаш не одиграл повеќе од 20 натпревари.
Покрај стандардните Лук Шо и Аднан Јанузај, за Андерсон нема доволно место, така што клубот размислува да исплати 1,4 милиони фунти со цел да го раскине договорот со Бразилецот. Слична ситуација во Јунајтед имаше и во јуни 2004-та година, кога на штета на клубот беше раскинат договорот со голманот Фабијан Бартез. Французинот тогаш заработи 5 милиони фунти и стана слободен играч.