Offside

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Фудбалери кои смениja најмногу клубови

На некои им сметаа тренерите, на некои слабиот пласман на тимот, а некои не сакаа да седат на клупа или беа само авантуристи. Единствени се во тоа што сменија многу екипи во кариерата.

Дриблинг без топка

Ако не знаете како во маало да кршите кичми или да праќате по цигари, научете ја финтата од Лукас Мура од ПСЖ.

Карамбол, гол и тепачка во Аргентина

Ланус го победи Арсенал Саранди 3:2, со голови постигнати во 96-та и 100-та минута. По ова следуваше хаос.

180 милиони за 14 играчи кои дадоа 5 гола и еден автогол

Диего Коста и Алексис Санчез се најсветлата точка од трансферите во Премиер лигата изминатово лето. Двајцата заедно одиграа 19 меча и постигнаа 18 голови, а следниве 14 засилувања стартуваа 36 пати во прв тим, но далеку се од насловните страници.

Олд Трафорд бил најгласен викендов

Дебатата што ја отвори Мурињо кога кажа дека неговите играчи играле на празен стадион, продолжение доби викендов, кога се вршеа мерења на бука ширум англиските стадиони. Руни и другарите со најдобра поддршка од навивачите.

БиБиСи бира најдобар фудбалер на Африка

Пет кандидати ја бркаат наградата за играч на годината на црниот континент според БиБиСи, а одлуката ќе падне на 1-ви декември во понеделник. Јаја Туре е кандидат по шести пат.

Блан се загради

Беше столб во одбрана, а се пензионираше како фудбалер на Манчестер Јунајтед во 2003 година. И на 48 години не може да го поминат.

3 пати несреќа

Се потруди човекот, ама кога не сака - не сака и не сака. Амин Чермити од Цирих, против голманот, одбраната и среќата на Арау.

Победа и пласман понатаму за Вардарки

Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.

Розберг го освои Бразил пред големото финале

Возачот на Мерцедес триумфираше на патеката Интерлагос и така ја сочува надежта дека може до титулата пред последната трка од сезоната. Луис Хамилтон втор, Фелипе Маса трет.

Вардар - Подравка на Алфа и Фиорентина - Наполи на Арена Спорт

Денес на ТВ фудбал, НБА, тенис, Ф1, како и ракометна Лига на шампиони. Играјте на Типстер и освоите подароци.

17 минути и 2 коша за Перо Антиќ против Њујорк

Голден Стејт не знае за пораз, откако вечерва ја славеа петтата победа во низа. Кави Леонард промаши во последната секунда и Спарси загубија од Њу Орлеанс.

Не помогна ни Боби Митев, МЗТ Скопје повторно поразен

Тренерската смена не ги размрда кошаркарите на МЗТ Скопје, кои го загубија и петтиот натпревар во АБА лигата. Партизан во Белград беше подобар за 15 коша (65:50). 40-ина членови на Фемили на полувремето влегоа во салата.

Ливерпул - Челси во 13:45 и Партизан - МЗТ Скопје во 21:00

Викенд спортската понуда почнува со по еден натпревар во АБА и НБА лигата и микс на фудбалски натпревари од најсилните европски лиги.

Пораз за Атланта со звукот на сирената

Хокси го забележаа и третиот пораз оваа сезона во НБА лигата, откако на гости во Шарлот не ја издржаа битката во последните секунди и загубија со 122:99.

Осврт на петтото коло во Бизнис Лигата

Љуљзим Каштањева од екипата на UNIQA беше најефикасниот играч на колото во Бизнис лигата на Македонија, а за најдобра екипа е прогласена Dominos Pizza.

Трејлерот за златната Германија

Аргентина го има Меси, Португалија Роналдо, Бразил Нејмар, а Германија Маншафт или националната фудбалска репрезентација. Во документарецот (излегува на средина од ноември), ќе може да го видиме патот на Германците до златото во Бразил.

Кој е Мута Николиќ, новиот тренер на МЗТ?

Скопскиот клуб се договорил со поранешниот кормилар на Раднички Крагуевац и актуелен помошник во српската селекција. Мута важи за тренер кој не знае да изброи до 10 и зборува на прва сè што мисли.

Индира: Не сум задоволна од досегашните игри

Ракометарките на Вардар во недела го играат четвртиот натпревар од ЛШ против Подравка, а тренерот Индира Кастратовиќ и левото крило Маја Зебиќ се сложија дека тимот не игра на потребното ниво.

Врбица си замина од МЗТ?

Врбица Стефанов не дошол на вчерашниот тренинг на МЗТ, и веќе се знае дека тој повеќе нема да биде тренер на скопскиот клуб.

И по Колина, Романи

Клаудија Романи (34) ја заврши манекенската кариера и конкурираше за судијка во фудбалска Италија. Откако ги поминала сите квалификации и тестирања, Романи и официјално добила дозвола да суди дуели од Серија А и Серија Б. Навива за Милан.

Куманово - Фени на МРТ и Галатасарај - Нептунас на Спортклуб 1

Вечерва низ Европа се играат натпревари од Евролигата, а дербито на вечерта се игра во Атина каде ПАО го пречекува Емпорио Армани. Типувајте на Типстер и освоите подароци.