Со време од 1:30:02, германскиот пилот на Интерлагос ја оствари петтата победа во сезоната, а осма во кариерата и сега има 17 поени помалку од Луис Хамилтон, по што титулата ќе се реши на последната трка.
Розберг низ целта помина со само една секунда предност во однос на Луис Хамилтон, кој неколку пати се обиде да го претекне тимскиот колега. На тој начин Нико Розберг му овозможи на Мерцедес да слави по 15-ти пат сезонава, со што се израмни рекордот кој што во 1988. година го поставија тимските другари, Аертон Сена и Алан Прост од Мекларен.
Розберг во Бразил водеше од почетокот до крајот, а најсериозен налет Хамилтон имаше во последниот свиок. Третопласираниот Маса стигна до третото место и покрај тоа што го казнија за пребрзо влегување во боксот.
Последната трка од актуелната сезона се вози во Абу Даби, на 23. ноември.
Резултати од трката за ГН на Бразил:
1. Нико Розберг (Германија) Мерцедес 1:30:02.555
2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес + 1.457
3. Фелипе Маса (Бразил) Вилијамс + 41.031
4. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен + 48.658
5. Себастијан Фетел (Германија) Ред Бул + 51.420
6. Фернандо Алонсо (Шпанија) Ферари + 1:01.906
7. Кими Раиконен (Финска) Ферари + 1:03.730
8. Нико Розберг (Германија) Форс Индија + 1:03.934
9. Кевин Магнусен (Данска) Мекларен + 1:10.085
10. Валтери Ботас (Финска) Вилијамс + еден круг
11. Данил Квјат (Русија) Торо Росо + еден круг
12. Пастор Малдонадо (Венецуела) Лотус + еден круг
13. Жан-Ерик Верњ (Франција) Торо Росо + еден круг
14. Естебан Гутиерес (Мексико) Заубер + еден круг
15. Серхио Перес (Мексико) Форс Индија + еден круг
16. Адријан Ѕутил (Германија) Заубер + еден круг
испаднаа:
Роман Грожан (Франција) Лотус
Даниел Рикардо (Австралија) Ред Бул
Генерален пласман на возачите:
1. Луис Хамилтон 334
2. Нико Розберг 317
3. Даниел Рикардо 214
4. Себастијан Фетел 159
5. Фернандо Алонсо 157
6. Валтери Ботас 156