Иако во ерата на Дејвид Мојес, стадионот на Манчестер Јунајтед важеше за еден од потивките места во Премиер лигата, годинава не е така. Во обид да се уверат во зборовите на Мурињо, уредниците на ПА Спорт ги пратиле своите новинари на сите стадиони во Премиер лигата да ја мерат гласноста на навивачите.
Мерењата се вршеле со смартфон апликацијата Sound Meter, која што го покажува нивото на децибели на гласност. Иако не станува збор за научно истражување, Индепендент пишува дека грубото мерење е доволно да се види каде се јадат сендвичи, а каде пукаат гласните жици.
За целиот обид да биде коректен, репортерите одлучиле да ја мерат првата минута од натпреварот, односно по првиот судиски свиреж. Тогаш не паѓаат голови и најлесно може да се види чии навивачи се најзагреани. АП решил да го продолжи снимањето секој нареден викенд, за да на крајот од сезоната одбере најгласни навивачи во Премиер лигата.
Табелата претставува измерени децибели од максималните 120 и присутни гледачи:
1.Манчестер Јунајтед - Кристал Палас, Олд Трафорд
(75.325 гледачи, 84 децибели)
„На Трафорд беше гласно од самиот почеток до крајот, а голем придонес за тоа дадоа и навивачите на Кристал Палас“, напишал новинарот Пол Хирст.
2. Саутемптон - Евертон
(43.476 гледачи, 78 децибели)
„Сандерленд имаше корнер во 35-та секунда и тоа влијаеше на почетната гласност. До крајот добро навивање и на двете страни“, стои во тефтерот на Дамјан Спелман.
3. Тотенхем - Стоук
(35.699 гледачи, 78 децибели)
„Ништо посебно не се случи, нормален почеток на мечот“ - Том Алнут.
4. Вест Бромвич - Њукасл
(26.476 гледачи, 78 децибели)
„Иако ништо посебно не се случи, навивачите со 78 децибели го отворија натпреварот“ - Ник Машитер.
5. Ливерпул - Челси
(44.698 гледачи, 77 децибели)
„Сè до голот на Емре Чан ја немаше препознатливата атмосфера кога на Енфилд се отвора дерби натпревар“, Карл Маркам.
6. Свонси - Арсенал
(20.812 гледачи, 76 децибели)
„Во првата минута се смени само поседот на топката неколку пати, но и тоа беше доволно да се крене атмосферата на почетокот“, Фил Бланк
7. КПР - Манчестер Сити
(18.005 гледачи, 76 децибели)
„За разлика од лудото продолжение на натпреварот и четирите гола, на стартот немаше ништо за одбележување“, Марк Брајнс
8. Барнли – Хал Сити
(16.998 гледачи, 74 децибели)
„Барнли имаше шанса уште во првата минута со шутот од далечина на Дени Ингс и тоа допринесе за солидна бука“, Фил Медилкот
9. Вест Хем - Астон Вила
(34.857 гледачи, 74 децибели)
„Немаше апсолутно ништо посебно што ги одбележи првите 60 секунди“, Џим ван Вајк