ЖУНИЊО ПАУЛИСТА - 9 клубoви (22 февруари 1973, Сао Пауло)
Во својата кариера, Бразилецот смени 5 земји и 3 континенти. Играше во 9 клуба: Сао Пауло, Мидлсброу, Атлетико Мадрид, Васко да Гама, Фламенго, Селтик, Палмеирас, Сиднеј и Итуано. Најмногу покажа во англискиот клуб, каде се враќаше во три наврати. За Мидлсброу одигра 120 натпревари и постигна 27 гола, а приврзаноста кон клубот ја покажа кога Боро испадна од Премиер лигата.
РОБИ КИН - 10 клубови (8 јули 1980, Даблин)
Иконата на ирскиот фудбал ја почна кариерата во Вулверхемптон, пред да замине во Ковентри. Од Ковентри следуваше сензационален трансфер во Интер, каде за една сезона (2000/2001) на 14 натпревари постигна 3 гола. Интер го позајми во Лидс, со кој во 2001-та играше Лига на шампиони. Потоа следуваа трансфери во Тотенхем, Ливерпул, Селтик, Вест Хем, ЛА Галакси и Астон Вила.
Кин најмногу голови, 208 вкупно, постигна во Тотенхем, каде играше од 2002-та до 2011-та година.
ЕНДИ КОЛ - 9 клубови (15 октомври 1971, Нотингем)
Кол важи за еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата, во која со 187 гола е на второто место на листата најдобри стрелци. За време на 20-годишната кариера, која што ја почна во Арсенал, Кол играше уште и за Манчестер Сити, Њукасл, Портсмут, Сандерленд, Барнли и Фулам. Копачките ги закачи на ѕид во Нотингем Форест во 2008-та година.
Најголем успех оствари со Манчестер Јунајтед, за кого од 1995-та до 2001-ва одигра 195 натпревари и постигна 93 голови. За него Фергусон изјави дека е најдобрата деветка што ја тренирал некогаш. За Англија одигра 15 натпревари и постигна еден гол.
НИКОЛАС АЊЕЛКА - 12 клубови (14 март 1979, Ле Чешнај, Франција)
Минатата сезона неславно ја заврши во Премиер лигата, каде го обвинија и суспендираа откако прослави гол со поздрав кој асоцира на нацистичко салутирање. Се бранеше дека само сакал да поздрави некој француски глумец, кој на филм го направил истиот потег.
Во кариерата играше за ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Фенербахче, Болтон Вондерерс, Челси, Шангаи, Јувентус, ВБА, Мумбаи Сити. За Франција на 60 средби постигна 14 гола. Во моментов е во индиската супер лига, каде на 36 години ќе игра за Мумбаи до февруари.
КРИСТИЈАН БОБО ВИЕРИ - 12 клубови (12 јули 1973, Болоња)
Италијанецот се најде на листата најдобри фудбалери која што ја состави легендарниот Пеле. Во кариерата играше за 12 клубови: Торино, Пиза, Венеција, Атлетико Мадрид, Јувентус, Лацио, Монако, Интер, Милан, Фиорентина, Аталанта, Сампдорија.
Виери најголем успех оствари со Интер за кого играше од 1999-та до 2005-та. Со миланскиот клуб го освои Купот на Италија во 2004-та година. На 143 средби постигна 103 гола.
АДЕ АКИНБИЈИ - 11 клубови (10 oктомври 1974, Хекни, Англија)
На листава можеби најмалку познат е Нигериецот, за кого 11 клубови потрошија вкупно 15 милиони фунти. Акинбији на 551 натпревар во кариерата даде 150 гола, а англиските медиуми коментираа дека неговиот менаџер треба да биде поставен за министер на финансии.
Акинбији играше за Норвич Сити, Херефорд, Брајтон, Гилингем, Бристол Сити, Вулверхемптон, Стоук, Барнли, Хјустон Динамо и Нотс Каунти. Кариерата ја заврши во аматерскиот клуб Коулин Беј.
РИВАЛДО - 12 клубови (19 април 1972, Паулиста, Бразил)
Бразилецот имаше 24 години активна кариера, во која играше за 15 клубови. Најдолго се задржа во Барселона, каде за 5 години постигна 86 гола и ја доби Златната топка за најдобар фудбалер на светот. Ривалдо играше во Узбекистан, Ангола, Грција, Кипар. Освен Милан, Барселона, Депортиво и Сао Пауло, левоногиот плејмејкер играше и за АЕК од Атина, Палмеираш, Моги Мирим, Санта Круз, Сао Каетано, Олимпијакос, Буњодкор, Кабускорп.
Со кариоките го освои СП 2002 во Јужна Кореја и Јапонија, а на клупски план ја освои ЛШ и Примера.