Осврт на петтото коло во Бизнис Лигата

Љуљзим Каштањева од екипата на UNIQA беше најефикасниот играч на колото во Бизнис лигата на Македонија, а за најдобра екипа е прогласена Dominos Pizza.

Во духот на ферплеј заврши и петтото коло во Бизнис Лигата на Македонија. Во ова коло своите компании до победа ги водеа:
 
1. Михајло Лазаревски (Македонски Телеком) – 3 гола
2. Љуљзим Каштањева (UNIQA) – 5 гола
3. Александар Бојоски (Dominos Pizza) – 4 гола
4. Марјан Ристов (ЕВН) – 3 гола
5. Влатко Петровски (ЕЛЕМ) – 3 гола
 
Голман на колото – Коте Јанакиевски (ONE)
Тренер на колото – Алеко Шемко (UNIQA)
Екипа на колото – Dominos Pizza
 
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
 
1. Дејан Зиков (Лукоил)
2. Никола Гајдов (Dominos Pizza)
7 ноември 2014 - 19:46