Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Баерн Минхен – Борусија Дортмунд во 18:30

Саботната спортска понуда на ТВ се состои од голем број на фудбалски натпревари во најсилните европски првенства, меч од македонска лига и тениско полуфинале на Мастерс турнирот во Париз.

Тренерот на Гранада ја искина „Марка“

Жоакин Капарош дал интервју за познатиот шпански весник кој важи за близок до Реал Мадрид, но зборовите му ги извадиле од контекст.

Статистика која ќе го реши дербито во Манчестер

Ако сака некој да победи во недела на големата градска пресметка на Етихад треба да го направи следново. Да постигне прв гол.

Почнуваме со подароци на Типстер

Втората сезона на Типстер почна во август, а за сега во најдобра форма е Иван со 205 погодени од 356 одиграни натпревари.

Хокеарски тупаници на стартот на НХЛ

Иако скоро почна хокеарската сезона во НХЛ, не чекавме долго да ја гледаме првата тепачка. Редовниот силеџија Милан Лучиќ се фати во спаринг со Крис Стјуарт од Бафало.

Коринтијанс гради гробишта за најверните

Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.

Гвардиола на местото на Венгер?

Весник од Лондон тврди дека Гвардиола наредната година ќе си замине од Баерн и ќе стане нов тренер на Арсенал.

Кога игравме еден на еден со Дамјан го рогавме баскетот и си одевме дома

Македонскиот репрезентативец кариерата ја почна во КК Вардар, а сезонава со Алба Берлин го освои гермнаскиот куп и заигра во Евролигата. Како дете лепел постери од Џинобили, а пред три недели прво го победи, а потоа и вечераше со него и останатите НБА шампиони.

Кога на голманот му е преку глава од бранење

Рожерио Сени 22 години го чува голот на Сао Паоло, а за тоа време даде 123 голови, но само уште ваков му фали во кариерата.

Мареј во Лондон го завршува патот околу светот

Шкотланѓанецот вчера го победи Димитров, по што оствари пласман во 1/4 финалето од Париз и карта за турнирот на најдобрите 8 во Лондон. По 22 меча за 36 дена во неколку земји, Мареј се враќа во Лондон.

Зарате го одбра Чиле наместо Аргентина

Поранешниот играч на Лацио и светски шампион со Аргентина под 20 години е разочаран од списокот аргентински репрезентативци и се реши да игра за Ла Роха.

Енди Мареј - Новак Ѓоковиќ од 19:30

Тениско дерби во Париз, каде Ѓоковиќ и Мареј ќе се борат за влез во 1/2 финалето, и кошаркарска Евролига.

Лејкерски се прочитани во напад

Одбраната на Лос Анџелес Лејкерс не им е силна страна и тоа е јасно, но Бајрон Скот ќе треба под итно нешто да менува и во напад.

Цел Кливленд дише со Леброн Џејмс

Во 2003 година го избраа за прв пик на драфтот, а по седум години ги напушти и замина во Мајами. Во очи на неговиот кам бек на теренот во североисточно Охајо каде вечерва игра против Њујорк Никс, Најк направи реклама на која сигурно ќе се напали цел град.

Детето на Милан дрибла како Зидан

За Хаким Мастур пред две години се тепаа Интер, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Манчестер Сити, но Милан беше најбрз и на 14 години го купија од нисколигашот Реџана за 500.000 евра. На мечот помеѓу младинци, влезе од клупа и одбраната на Сасуоло ја изора како нива.

Ривер Плата од врата до врата

Како играчите на Ајакс лани, така и фудбалерите на Ривер ги изненадија сите навивачи кои онлајн го нарачале новиот дрес . Во улога на доставувачи беа Леонардо Понцио, Фернандо Кавенаги (памтете го ова има) и Тео Гутиерез.

Зоте: Против Шпанија моравме сите во одбрана со се резерви

Зоран Левески е првиот Македонец кој заиграл и го освоил третото место во Азиската футсал Лига на шампиони, а истовремено бил првак и на турнирот во Миравци. Му фалат уште само три настапи, за да стигне до јубилејна 100-ка за футсал селекцијата на Македонија, а води и приватен бизнис.

Дортмунд паѓа, поддршката на Клоп расте

Тренерот на Дортмунд не се смее на прес конференциите како лани, затоа што неговата екипа на девет натпревари во Бундес лигата собра само седум бода и има 14 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен, против кого играат викендов.

Зига-зага на Етихад против Сити

Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.

Црвена Звезда - Валенсија од 19:00 и Верона - Лацио од 20:45

Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме тенис натпревари од Мастерсот во Париз, натпревари од Евролигата и еден меч од Серија А.

Клубовите сакаат СП во Катар во месец мај

Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.

Спуст #наточак

И ти знаеш да возиш точак, и он знае да вози точак. И ти возиш низ град и по улички, и он вози низ град и по улички. Ама пак некако исто е, ама не е исто.

Атланта без Антиќ загуби во Канада, Чикаго подобар од Њујорк

Екипата на Атланта со пораз ја започна сезоната во НБА, откако загуби од Торонто Репторс 109:102. Перо на подготовките имаше мала минутажа, а синоќа не беше во составот поради одлука на тренерот. Вечерта ја одбележија Булси со убедлив триумф над Њујорк.

Македонски Телеком го сотре ОНЕ

Во последниот ден од четвртото коло во Бизнис лигата Вељановски и Пацоли го поразија ONE, а победи славеа и екипите на Гранит и Глобко Логистик