Неодамна се појави приказна дека најдобриот кошаркар на сите времиња додека играл за Чикаго Булс, за време на тренинзите ги удирал Стив Кер и Џад Бушлер. Но во неодамнешно интервју за радио, неговиот поранешен соиграч Хорас Грент раскажува и други детали.
„Тренинзите беа многу интензивни, инаку Фил Џексон ќе го ставеше Мајкл во втор тим. Поради неговиот натпреварувачки дух, понекогаш тие изгледаа нереално. Секако дека имаше мавање, но среќа што во тоа време немаше социјални мрежи“, вели Грант кој освои три титули со Чикаго во периодот меѓу 1987 и 1994 година.
Ќотек од легендарната 23-ка јадел и 213см високиот Вил Пердју.
„Тренерот ни рече да одиграме една акција, а Пердју му постави на Џордан цврст блок. Мајкл му рече „Вил немој друг пат така“, но Фил Џексон повторно бараше да се одигра истата акција. Вил се постави на ист начин, но Џордан потоа го удри. Веднаш истрчавме за да го спречиме да не му врати, не затоа што Мајкл не може сам да се одбрани, туку затоа што ни е потребен. Следниот ден Пердју се појави на аеродром со голема модрица“, раскажува Грант.