На 19. март 2002. година, Ливерпул ја пречека Рома во 1/8 финалето од ЛШ со два гола минус. Црвените поведоа 1:0 по шест минути игра, а потоа во 63. минута на центаршут на Дени Марфи, Емил Хески постигна ефектен гол за 2:0. Изгледаше дека за фудбалер кој со Ливерпул освои три трофеи, тоа беше веројатно надобриот индивидуален момент.
Минатата недела, како 37-годишниот Хески се врати на Енфилд Роуд, овој пат како противник. Делуваше речиси незамисливо дека после толку време, новинарите повторно ќе имаат прилика да пишуваат „Дали Големиот Емил конечно ќе покаже што знае?“. Едно време, додека неговата кариера во Ливерпул беше пред умирање, во Англија се пишуваа само такви статии.
Името на Хески се скандираше пред натпреварот со Болтон, а кога Хески беше заменет во 56. минута, сите станаа да го поздрават. Емил немаше прилика да постигне гол и да истрча кон навивачите со една рака на увото како замислени слушалки, а другата како да скреча на замислена плоча. Таквата прослава Хески ја започна во летото 2000. година, по одморот со другарите во Аја Напа на Кипар.
Враќањето на Хески на Енфилд беше посебно значаен, затоа што Копот (главната трибина каде стојат навивачите) стана да му аплаудира, што имаше посебна тежина како одговор на сите на кои Хески им е само виц. Му се смеат затоа што е срање на ФИФА игрицата, затоа што промашува празни голови и зашто додека играше во Австралија му смислија Heskeycam, камера што за време на мечот го снимаше исклучиво него.
Постои и видео со наслов „Емил Хески, најслабиот фудбалер на светот“, а Ричард Бејкон во неговите колумни пишуваше дека Хески е трапав слон, што не може да погоди ниту воздух од пиштол. Хески беше критикуван дури и во времето кога играше за Англија под Ериксон, во селекцијата полна со ѕвезди, во која само тој беше критикуван.
Сепак, во својата автобиографија, Џејми Карагер, легендарниот капитен на Ливерпул дава интересен коментар на тоа како било да се игра со Хески, кој цели две години бил незапирлив центарфор кого Копот го сака.
Уште поважна од головите е улогата која што ја имаше Хески на теренот. Роби Фаулер, Јари Литманен и Вејн Руни беа напаѓачи кои доста напредуваа играјќи во тандем со Емил Хески. Најмногу корист имаше Мајкл Овен, кој во 2011. година ја освои Златната копачка за најдобар стрелец. Овен на крајот на сезоната имаше 22 голови, а најмногу му беше благодарен на Емил Хески, со кој играше и во репрезентацијата.
Хески во англиската јавност важи за добар човек во немилосрдниот свет. Напаѓачот никогаш навистина не ги наплати својот талент, физичките способности и осетот за гол. Мартин О'Нил, кој му беше тренер на Хески во Лестер еднаш изјави дека самодовербата на Емил била толку мека што, ако не ја прими првата топка на мечот како треба, подобро е веднаш да се замени.
Во последното интервју за Гардијан, во врска со неговото враќање на Енфилд во дресот на Болтон, Хески изјави дека не жали за ништо. Можеби тоа е причината поради која не стана играч каков што сите го замислуваа.
Хески во Ливерпул играше од 2000. до 2004. и на 223 настапи даде 60 голови.
Извор: Вајс