Светската кошаркарска федерација ги објави цените за Евробаскетот кој се игра во септември оваа година во четири различни држави Монпење (Шпанија), Берлин (Германија), Загреб (Хрватска) и Рига (Литванија).
Нас не интересираат тие што ќе се играат во Загреб, каде Македонија ги игра натпреварите од групната фаза. Најевтиниот билет чини 75 куни или 10 евра, а најскапиот 250 куни, а тоа се околу 33 евра.
Во продажба прво ќе бидат пуштени пакет влезниците за сите натпревари од групата, а тоа ќе биде од 16 февруари до 14 март, а поединечните ќе може да се купат во периодот меѓу 15 март и 15 април. За мечевите од елиминационата фаза ќе се продаваат од 1 јули.
ФИБА соопшти дека влезот ќе биде слободен за деца до шестгодишна возраст како и за лицата со посебни потреби, но само со придружба на родители кои мора да поседуваат билети.
Избраниците на Александар Џигиќ се дел од групата Ц заедно со селекциите на Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија. Стартот на Европското првенство е закажан за 5 септември.