Кошаркарскиот Мурињо не прими ниту еден кош

Веста нема врска со фудбал, но асоцира на тренерите кои први поведуваат и потоа го паркираат автобусот во одбрана. Таа фудбалска тактика која оди на нерви кога ја гледаме на тв, Американците ја применија во кошарка.

Биб Каунти е екипата која ги помести границите во спортот и успеа на кошаркарски натпревар да победи 2:0. Чудниот резултат доаѓа од средношколска лига во Северна Каролина, а поразениот кој останал со компир поени е Бруквуд.

Кошаркарите на победничкиот состав единствените поени ги постигнале во 15 секунди, а потоа до крајот на мечот шутнале само уште еднаш во прво и еднаш во второ полувреме. Тактиката и причините за овој невообичаен меч ги објаснува тренерот кој играта ја базирал на чување топка.

„Целта на мојот тим беше да одмара во напад за да може максимално да се посвети во одбрана. Најдраматично беше на крајот кога ја загубивме топката на 15 секунди до финишот. Ова ни е четврт натпревар за една недела и некои од играчите почнаа да се жалат на грчеви. “, објаснува Валас.

Според Националната Федерација на асоцијациите на државните средни училишта во САД, последен пат ист ваков резултат на кошаркарски натпревар имало во 1977 година.

4 февруари 2015 - 15:14