Атланта подобра од Вашингтон, Кари даде 51 поен

Во дербито на вечерта во НБА, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Далас Маверикс 128:124, а потврда на првото место во изборот за Ол Стар играчи имаше Стеф Кари, кој уфрли дури 51 поен. На победничка патека се врати и Атланта Хокс, против Вашингтон 105:96.

И покрај тоа што во еден момент губеа со 22 поени разлика, Воините предводени од Кари (51п, 4ск, 4ас) стигнаа до 39. овосезонска победа. Кари не можеше без Клеј Томпсон, кој додаде 18 поени и 5 асистенции. Кај Далас најефикасен беше Чендлер Парсонс со 24 поени, а Тајсон Чендлер уфрли 21 поен и дури 17 скокови.

После поразот од Њу Орлеанс, Атланта Хокс брзо се врати на победничката патека, а триумфот над Вашингтон во Филипс Арената го потврдија Џеф Тиг со 26 поени и 8 асистенции и Ал Хорфорд со 21 поен и 12 скокови. ДеМар Керол придодаде 14, а нашиот Перо Антиќ даде 9 поени и 6 скокови.

Забивањето на Мајк Скот преку Бредли и прославата со Антиќ:

Хајлајтс од дуелот Атланта - Вашингтон 105:96:

Минесота дури во последната четвртина против Мајами стигна до деветта победа сезонава, 102:101. Најдобар кај волците беше Кевин Мартин со 30 поени (11-23) од игра. Никола Пековиќ даде 12 поени и четири скока, а кај Мајами Хасан Вајдсајд имаше рекордни сезонава 24 поени и 20 скокови.

Најдобриот натпревар во кариерата на Хасан Вајдсајд:

 

Хајлајтс од дуелот Минесота Тимбервулвс - Мајами Хит 102:101:

Лејкерс повторно сезонава немаше среќа и во продолженијата загуби од Милвоки 113:105. Тоа беше петта последователна победа за Бакси, во која Јанис Адетокумбо уфрли дури 25 поени и 6 скокови. Брендон Најт запиша 24 поени, 7 скокови и 8 асистенции, а Мидлтон и Мејо дадоа по 21 поен. Како по навика, Карлос Бузер најефикасен кај ЛА Лејкерс со 28 поени.

Петтиот триумф по ред на Милвоки:

Резултати НБА:

Минесота – Мајами 102-101
Њу Орлеанс – Оклахома 91-102
Сан Антонио – Орландо 110-103
Јута – Мемфис 90-100
Индијана – Детроит 114-109
Бостон – Денвер 104-100
Торонто – Бруклин 93-109
Хјустон – Чикаго 101-90
Милвоки – ЛА Лејкерс 113-105 (п)