Желбата на Лејди Би, ќерката на Силвио Берлускони и потпретседател на Милан почнува да се остварува. Италијанскиот клуб ќе добие ултра модерен стадион, помал од сегашниот. Според планот, капацитетот ќе му биде 48.000 гледачи (Меаца собира 80.000). Изградбата треба да биде готова до сезоната 2018-2019.