Offside

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

Que golazo mamita mia!

Во Куп на Аргентина Расинг Клуб со 3-0 го совладал Депортиво Риестра. Во 32' минута било 3-0 а третиот гол го дал Факундо Мура. Што би рекол коментаторот мајко моја какво голчиште!

Страшен гол на Ристовски за Сараево

Во првенството на Босна и Херцеговина, Сараево водеше со 3-0 против Радник Бијељина а на крај мечот заврши со неверојатни 4-4 откако гостите дале четири комада за 28 минути. Стефан Ристовски блесна и го постигна првиот гол сезонава и тоа каква голчина! Два погодоци за Сараевци дал повремениот македонски репрезентативец Агон Елези.

Порто тајно договорил супер засилување, не знаел никој

Триесет и четиригодишниот холандски центарфор Лук де Јонг како слободен играч потпишал со португалскиот гигант Порто. Ветеранот имаше сјајни сезони во својот ПСВ Ајндховен но сега добил понуда која не се одбива. А во Порто ништо не кажувале и решиле да ги изненадат навивачите пред пријателската со Атлетико Мадрид кога играчите излегле на теренот.

Норвешки клуб на преубав начин промовира локално земјоделие

Кога свилените дужегрижници ќе се исмеваат на некој убав автентичен подарок во селскиот фудбал во регионов, само покажете им го ова, од прва лига на Норвешка.

И Манчестер Јунајтед се израдува на пехар, ај ти

Екипата на Манчестер Јунајтед на мини-турнеата во САД, на турнирот Летна Премиер лига серија, ги совлада Борнмут и Вест Хем, а одигра 2-2 против Евертон па така го освои малото пехарче наменето за најдобриот во Атланта, во Џорџа.

Што стори Иване?

ПСВ Ајндховен е освојувач на холандскиот Супер куп кој ја носи наградата „Јохан Кројф“, откако синоќа после пресврт победи 2-1 против освојувачот на Купот, Го Ахед Иглс на свој терен на „Филипс Арена“ во Ајндховен. Во 78' минута Иван Перишиќ асистираше за гол на стрелецот Герит Наубер па падна преку рекламите.

Тотенхем се збогува со Сони кој оди за САД

Тотално неочекувано долгогодишниот капитен на Тотенхем, симболот на овој клуб, Кореецот Хонг-мин Сон најави во саботата вечер дека за некој ден си оди од клубот и ги шокираше навивачите. Денес на пријателска против Њукасл во неговата татковина, во Сеул, за последен пат го носеше дресот на Спарс. Му направија почесен коридор, го фрлаа во воздух, а цел стадион со стоечки овации го испрати. Ќе оди во САД каде ќе игра за Лос Анџелес како најскапо платен играч во целата МЛС лига.

НАК Бреда да ти имал скроз јака публика

Навивачите на холандскиот клуб НАК Бреда дошле на пријателска средба со Норич во Англија во голем број. И таму правеле шоу.

Филмско претставување на Папу Гомез во Падова

Триесет и седум годишниот фудбалер кој освои Светско првенство 2022 со Аргентина и кој беше главен творец на ренесансата на Аталанта, сега се враќа во италијанскиот фудбал. Ќе игра во Серија Б за Падова.

Фудбалот е светост во Германија - на втора лига 62.000 гледачи

Синоќа стартуваше новата сезона во втората германска Бундеслига а истата ја отворија децениските прволигаши Шалке и Херта во меч кој заврши 2:1. На „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен официјално имало 62.270 гледачи што е еден од рекордите на втора лига во Германија.

Чуден сплет на дриблинзи

Триесет годишниот Анхел Кореа после цели 10 години во Атлетико Мадрид каде одигра 335 натпревари и постигна 70-ина гола на почеток на јули се пресели во мексиканскиот клуб Тигрес УАНЛ. Постигна два гола во победата над Хјустон Динамо а едниот погодок беше многу чуден и интересен.

Ливерпул ги извади новите дресови

Во едно прикладно видео со сегашни играчи од клубот како Ван Дајк, Салах, Куртис Џонс, Сери Холанд и легенди од минатото како Сер Кени Даглиш, Роби Фаулер, Џејми Карагер, Иан Раш и Џон Барнс, Ливерпул ги претстави новите дресови од Адидас со кого во март потпиша 10-годишен договор за соработка.

И судиите душа имаат

За време на дуелот од Лига Купот на Северна и Централна Америка меѓу мексиканска Гвадалахара и Њујорк Ред Булс од САД кој гостите го добија 0-1 со гол во 97-ма минута, главниот судија на мечот по само 9 минути игра морал да го напушти теренот поради повреда. Имал замена.

Ист град - два света: Тајната на мостарското ривалство Вележ - Зрињски

Во еден од најмешаните градови во БиХ, Мостар, истокот и западот ги делат хрватско и бошњачко население па така и во фудбалот најголеми градски ривали се Зрињски (хрватска популација) и Вележ (бошњачка популација).

Миланско шут у дупе

Фудбалерите на Милан не можат по магарето па удрија по самарот. Синоќа на пријателски натпревар против Перт Глори во Австралија славеа со 0:9. На еден од тренинзите во Австралија росонерите се договориле екипата што ќе изгуби на тренингот да знае што ја чека.

Еврогол во продолженија откако тренер смени голман за пенали

Шкотски Хибернијан и дански Мидтјиланд одиграа најлуд меч на вечерта синоќа во еврокуповите. По 1-1 во Данска на првиот дуел, синоќа во Единбург 94 минути немаше гол за да настане прав огномет набрзо. Гостите први поведоа во 94-та минута со прекрасен гол, па домаќините израмнија во 107' минута од судиското продолжение па следеа продолженија. А таму гостинскиот тренер направи измена на голманите, спремен за пенали, ама еврогол постигна Жуниор Брумадо кој исто влезе од клупа за резерви.

Ѓоковиќ весел на журка на Парос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе неколку дена е на одмор со семејството во Грција, на релација Миконос-Пафос. Ужива во слободно време пред турнирите во САД закажани за август месец.

Вардар сè уште незрел за Европа, Лозана ги петардираше црвено-црните

По големото изненадување кое го направија во Скопје кога со 2-1 ја совладаа фаворизираната Лозана, фудбалерите на Вардар синоќа на реваншот изгубија 5-0! Уште на полувреме беше 3-0 и беше јасно кој ќе ја однесе победата на „вештакот“ во Лозана за пласман во 3. коло од Конференциска лига. Вардарци сега се посветуваат на домашните првенство и Куп.

Што збореше Мишко на јахта со Леброн?

Познатиот кошаркарски менаџер Мишко Ражнатовиќ кој се грижи за кариерите на Никола Јокиќ и многу други светски и евролигашки ѕвезди, пред некој ден бил на јахта во друштво со големиот Леброн Џејмс. Новинарите нагаѓале зошто била средбата и за што се разговарало а некои шпекулираат дека Леброн го сака Јокиќ во ЛА Лејкерс.

Од тенисот се повлече една од најубавите тенисерки

По поразот пред својата домашна публика во Монтреал на турнирот Омниум Банк Национале од Швајцарката Белинда Бенчиќ 2-6, 6-3, 4-6, Евжени Бушар со емотивен говор најави дека се повлекува од тенисот.

Ја имаме навивачката преработка на летото

Хиберниан е многу потценет шкотски клуб од Единбург кој долги години е во сенка на Селтик и Ренџерс. Хибси со децении имаат сериозна навивачка база која сега го живее сонот на европски фудбал. Минатата недела одиграа 1-1 кај силниот дански Мидтјиланд на гости, па вечерва ќе играат реванш за пласман во 3. коло од Лига Европа. Една песна посебно го крена навивачкиот свет.

Бабата водач на навивачи на Кипар

Навивачката група која го бодри клубот Анортозис од Фамагуста на Кипар, долги години имал омилен водач на теренот. Една баба која со години го следела сино-белиот Ано.

НБА ќе организира 6 натпревари во Европа

НБА лигата се повеќе го става фокусот на Европа па така сега реши шест натпревари од основниот дел на сезоната да се играат на овој континент почнувајќи од 2026-та.

Чуден некој поен тениски, како оптичка варка

За време на дуелот меѓу 23-годишниот Канаѓанец Габриел Диало и неговиот врсник од Италија Матео Џиганте кој Диало го доби со 2-0 во сетови 6:3, 7:6, имаше една интересна ситуација.