Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Авантурата на еден американски кошаркар во Македонија

Џерод Хас е тренер во колеџ лигата во САД и е назначен е за нов стратег на Стенфорд. До тука ништо не нè интересира. Одиме со неговите случки како кошаркар. Патувал 48 часа со автобус во два правци и го прашале зошто не играш добро. Јасно ви е од каде тргнал, така?

ФК Вардар: Немаше прослава, ниту кршење на чинии

Актуелниот шампион на Македонија ги демантираше натписите за незаборавната вечер која сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко им ја приредил на Хрватите.

Евроавтогол на полски второлигаш

Фудбалерот на полскиот второлигаш Заглебје Сосновиец, Жарко Удовичиќ го постигна најубавиот автогогол на подготовките на неговиот тим.

Нашиот фаворит во Рио на 100 метри жени

Мишел Јенеке е 23 годишна атлетичарка која ќе дебитира на Олимписките игри во Рио. Има сребро на трката на 100 метри на младинската Олимпијада во 2010-та, како и злато истата година на младинското првенство во Океанија на 100 и 400 метри. 

Колку само боли кога ќе примиш гол во продолженија

Трезеге на Италијанците им го даде во 103-та минута на ЕП 2000, Иниеста на Холанѓаните во 116-та на СП 2010, Едер пред три дена во 109-та на Французите, а на денешен ден пред две години Марио Геце во 113-та на Аргентинците. Тоа се историски видео парчиња кои со години ќе се прераскажуваат и ќе се одбележуваат.

Фудбалерот кој заборави дека на полувреме се менуваат страните

Или ја играл 4+, или бил пијан, или несмасен. Или па можеби потајно посакувал да постигне хет-трик за да ја носи топката дома. Крис Никол е можеби единствениот фудбалер кој за автогол има изјавено дека му е најубав гол во кариерата.

УЕФА го прогласи најубавиот гол на Европското

Помалку изненадувачки, УЕФА го одбра голот на Унгарецот Золтан Гера против Португалија (3:3) за најубав гол на Европското првенство. Играчот од средината на теренот стрелаше прецизно во 19. минута од мечот против првакот. Сите очекуваа голот на Ѓердан Шаќири да биде прогласен за најубав. На 11-ти јули Антоан Гризман беше прогласен за најдобар играч на првенството.

Најголемите ѕвезди кои ќе ја пропуштат Олимпијадата во август

За помалку од еден месец започнува најважната спортска манифестација на глобално ниво, ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро. Таму за жал нема да видиме некои од мега-ѕвездите во разни спортови.

Најконтроверзниот црвен картон на Мундијалите

На 5 јули 1994-та на Франческо Ѕола му се оствари сонот бидејќи дебитираше на СП, но тоа е можеби неговиот најмалерозен настап во кариерата. Одигра само 12 минути против Нигерија и остана на тие. Мексиканскиот судија неосновано му даде црвен картон за овој старт по кој беше суспендиран на два меча и потоа од клупа ја гледаше Италија.

Нишлијата кој од трета смена во фабрика ќе оди во Рио

Ниш годинава на Олимписките игри во Рио ќе има еден претставник, атлетичарот Ненад Филиповиќ кој по трет пат обезбеди олимписка норма во дисциплината брзо одење на 50 км. Во Бразил ќе патува после трета смена во Јужнокорејската фабрика Јура во Ниш.

Кој е тимот од Гибралтар што го сруши Селтик?

Тимот од Глазгов проценет на 50 милиони евра синоќа со 1:0 загуби од дечки собрани „од маало“ меѓу кои има келнери, полицајци, мајстори, ѕидари, риболовци.

Самсоненко пеел, кршел и им приредил вечер на Загрепчани која ќе ја раскажуваат на генерации

Газдата на Вардар пееше песни од Тоше и Чолиќ, настрадаа 50 чинии во грчки стил, а инаку вложува 15 милиони евра годишно во сите клубови на Вардар. Да ги дигнеме на нозе сите ресторани во Загреб и сите тамбураши, не можеме да ги дочекаме вака, пишува Спортске новости.

Хајлајтс од одличниот Вардар

Вардар имаше вкупно 17 удари од кои 4 во рамки на гол (пречка и две стативи). Динамо Загреб вкупно 18 од кои само еден во рамки на гол. Голема штета што со таа игра и шанси не успеавме да извадиме барем нерешено против најсилниот тим на балканот. Инаку Србите имаа тв преноси од 4 свои претставници во Европа (Црвена Ѕвезда, Партизан, Чукарички и Војводина), а ние ниту еден, па бујрум за тие што не беа на стадион.

Пораз на Вардар кој погоди пречка и две стативи

Македонскиот шампион немаше среќа на првиот квалификациски дуел за Лигата на шампионите. Пропушти многу шанси, особено во вториот дел, а тоа скапо ќе ги чини бидејќи во Загреб ќе патуваат со негатива од 1:2.

Здравко Мамиќ е атракција на Филип Втори

Контроверзниот претседател на Динамо Загреб кој важи за бос на хрватскиот фудбал седеше во ложата на северната трибина. Од Хрвати, македонски навивачи, новинари, редари, полицајци, сите сакаа да имаат фотографија со него.

Бонучи е мачен во подрум и затоа е ѕвер на терен

За тоа што Леонардо Бонучи е денес има едно објаснување кое излезе на Фејсбук од страна на еден член на стручниот штаб на Јувентус.

Крањчар има лузни од дуелот со Вардар на Градски

Квалификацискиот дуел за ЛШ меѓу Вардар и Динамо Загреб ги врати Хрватите во 1958-ма и 1982-ра бидејќи во тие две години титулите во југословенското првенство ги освојуваа во Скопје. Мечот од 82-ра го опишуваат како улична борба.

Петте загубени големи финалиња на Патрис Евра

Еден од подобрите леви бекови во европскиот фудбал во своето портфолио има пет загубени големи финалиња и едно победено, во Москва со Јунајтед против Челси. Изјави дека најтешко му паднало последното загубено, во неделата против Португалија во Париз.

Сите обиди на Роналдо да се врати во игра од друг агол

Се обидуваше, стегна заби, продолжи, падна, излезе, па пак влезе, па вторпат падна и сфати дека ја изгубил битката со повредата во првото полувреме од финалето.

Како Жозе Фонте освои Европско со тренерот кој го одбивал порано

Како млад во еден момент после тренинг се нашол во соблекувалната со Кристијано Роналдо и му понудил да се кладат дека еден ден ќе заигра на голема сцена. Две децении подоцна двајцата го кренаа пехарот како европски шампиони.

10-ка за навивачите на Ирска, Ѕаѕа и Пеле седите кец на полагање

Газета дело Спорт им додели оценки на тие што сметаат дека ги заслужуваат на ЕП 2016. Со право ја искритикуваа УЕФА за две работи, како и Хрватска и Португалија кои не отруја 120 минути. Пофалби има за достигнувањата на Велс и Исланд кои сепак се историски.

Најубавиот гол на Бобо Виери

Поранешниот италијански напаѓач денеска полни 43 години. Старите сладокусци на Серија А не може да не се сетат на ова негово ремек дело од дуелот меѓу Интер и Парма од сезоната 1999/2000. Прво игра еден на еден со Турам, а потоа со Буфон.

Дојде и тој момент - ќе ни фали господин Тим Данкан

Една од најславните кариери во историјата не само на кошарката, туку и на спортот воопшто заврши, откако Тимоти Данкан одлучи дека нема сили за 82 меча и плејоф во една сезона.