Вака сега, клубот одлучи да го напушти аматеризмот, секој од вас ќе има одредена премија, тоа било заклучокот на состанокот на Динамо Загреб во пресрет на дуелот против Динамо Загреб во 1958-ма.
Требале да победат за да стигнат на чекор до титулата, а клубот не сакал да останат без најдобрите играчи како претходно си заминале Бобек, Зебец, Вукас, Папец...
За атмосферата да биде подобро, во четврток навечер биле воведени задолжителни состаноци меѓу играчите и управата. Имало закуска, играње карти и шах. Вардар паднал, а Динамо ја освоил титулата.
Потоа чекале 24 години за новата титула која повторно била освоена на Градски, а каква била средбата во Скопје во 82-ра?
„Тоа беше улична борба, меч на раб на скандал. Ние бевме првите на табела, а Вардар беше последната екипа која можеше да не сопре. Тоа беше војна за секоја топка и во таа војна не се бираа средства. Српските новинари пишуваа дека тоа е фудбалски срам, а за центархалфот на Вардар, Зоран Банковиќ, радио репортерот Иво Томиќ рече дека наместо број на дрес, мора да носи знак за опасност“, вели Велимир Зајец кој 10 години го носеше дресот на Динамо.
Мечот беше решен за 35 минути. Два гола постигна Снешко Черин и еден Цицо Крањчар кој вечерва во Скопје доаѓа во друга улога.
„Не тепаа од прва минута и не се сеќавам друг пат да сме добиле толку ќотек. Но на тој меч и покажавме заби. Ги победивме и во авион направивме голема фешта. Иако не бевме теоретски прваци, станавме кога Црвена Ѕвезда загуби од Осиек. Но мечот во Скопје беше пресвртница и не смеевме да загубиме“, вели актуелниот тренер на Динамо, кој на лицето има спомен од тој дуел.
Во книгата на Мирослав Томашевиќ „Динамо – Историја и златните 10 години пишува:
„Динамо го победи Скопје со 3:0, иако Вардар во пролетната полусезона се до тој ден ги имаше победено сите средби на свој терен. Македонските, како што пишува во извештаите и како што велат сведоците, тогаш играле многу грубо, Крањчар е изгребен со нокти во лицето, Грнчаров на Паниќ му го скинал ланчето од врат, а Банковиќ пред соблекувалните физички го нападнал Крањчар“.
Хрватите во пресрет на вечерашниот дуел со Вардар се потсетуваат на 58-ма и 82-ра, а ние на сезоната 1986/1987.
Можни состави за вечерва: