Вардар ги победи Динамо Загреб и Црвена Звезда, а одигра нерешено со Партизан и Хајдук со што остана непоразен од големата четворка во есенскиот дел од југословенскиот шампионат.

Дарко Панчев со 21 година стигна до 8 погодоци, Мирко Петров постигна пет, а Чеде Јаневски три од вкупно 20-те гола со кој Вардар стигна до 20 бода и прво место на табелата.

Тренер на екипата беше Андон Дончевски (најдобар стрелец во историјата на Вардар), а негови помошници уште двајца легенди на клубот, Кочо Димитровски (најмногу настапи во историјата на Вардар) и Методија Спасовски (втор најдобар стрелец).

Да не пишуваме многу, извештајот го има Таско од Градскиот стадион во Скопје. Ова се задолжителни минути со голови, славје, шампањ и Дончо како им вика од клупа.

Исто викаше и пред две години.