Бонучи е мачен во подрум и затоа е ѕвер на терен

За тоа што Леонардо Бонучи е денес има едно објаснување кое излезе на Фејсбук од страна на еден член на стручниот штаб на Јувентус.

Стоперот на Јувентус и Италијанската фудбалска репрезентација го мачеле и го тепале се додека не го научи слоганот „топката може да помине, ама не и играчот“. Тие што не го знаеле ова правило, а играле во одбрана, морале да го научат и да минат низ тортура кај еден тренер.

Во Јувентус тоа го правел Алберто Ферарини познат како мотиватор или тренер кој работел ментално со играчите.

Не е познато што точно им правел Ферарини на неговите поранешни клиенти Франческо Толдо и Алберто Џилардино и со какви методи се служел, но познато е што му правел на Бонучи.

Го носел во црна темница, го врзувал и во вреѓал, а доколку реагирал па макар и со веѓите, го удирал со бок во стомак. Ферарини вистината ја откри на Фејсбук:

„Го вреѓав на сите можни начини и тоа не со нежен тон и го омаловажував и секогаш кога ќе ме погледнеше ќе добиеше удар. Целта беше секогаш да остане фокусиран и да игнорира се што се случува околу него. Така почнав да го претворам во војник“ вели тренерот кој работел со него во Јувентус.

Кои се резултатите од мачењето?

Бонучи е во Јувентус од 2010-та и освои вкупно 10 трофеи од кои 5 Скудета. Никој не може да му ја земе позицијата ниту за Јуве, ниту за селекцијата на Италија.

Плус во 2012-та успеа да ги собори и да ги избрка крадците кои му влегоа дома.

12 јули 2016 - 16:04